Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франција го отстрани знамето на ЕУ од Триумфалната порта по жестоките критики на десничарите

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 2, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Француските власти го отстранија знамето на ЕУ од Триумфалната капија во Париз, откако десничарите го обвинија претседателот Емануел Макрон дека го „бришел“ францускиот идентитет, јавуват француските медиуми.

Големото знаме на ЕУ ја замени француската национална тробојка на новогодишната ноќ за да го означи почетокот на француското претседателство со ЕУ во следните шест месеци.

Триумфалната капија под која се наоѓа гробот на непознат херој, како и другите париски знаменитости како Ајфеловата кула и Пантеонот исто така се осветлени со сина европска боја и жолти ѕвезди.

Но, десничарските ривали на Макрон тоа го гледаат како навреда за ветераните и националното наследство.„Да, претседателство со Европа, бришење на францускиот идентитет“, твитна Валери Пекрес, конзервативна кандидатка и, според анкетите, главен противник на Макрон на изборите, пренесува Јутарњи лист.

Таа го повика да го врати француското знаме, велејќи: „Го должиме тоа на нашите војници кои ја пролеаа својата крв за неа“.

Марин Ле Пен, претседателка на ултрадесничарската француска партија Национална алијанса (РН), протестираше против кревањето на знамето на Европската унија на Триумфалната капија како дел од почетокот на шестмесечното француско претседателство со ЕУ.

Други политичари од францускиот десничарски политички спектар ѝ се придружија на Ле Пен, која покажува дека е главниот ривал на претседателот Емануел Макрон на пролетните претседателски избори, лути поради знамето на ЕУ што се вее на националниот споменик, објави Ројтерс.

„Украсувањето на Триумфалната порта со бојата на Европската Унија, без државното знаме, е напад на идентитетот на нашата нација, бидејќи овој споменик е поставен во чест на нашите воени победи и таму се наоѓа гробот на непознатиот војник“, се вели во соопштението на Ле Пен.

Државниот секретар во Министерството за европски прашања Клемен Бон изјави дека знамето на ЕУ привремено ќе биде на Триумфалната капија.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.