Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Француски „Фигаро“: Северна Македонија ја осудува „уцената“ во процесот на пристапување во ЕУ

0
By Нова ТВ on December 15, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интернет изданието на најстариот француски дневен весник „Фигаро“, ја пренесува веста на Франс Прес под насловот „Северна Македонија ја осудува „уцената“ во процесот на пристапување во ЕУ“, во која се осврнува на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој ја повика ЕУ во вторникот (15-ти декември) да ја спречи „уцената“ на неговата земја, која мора да се соочи со нови пречки за нејзиното членство во заедницата, јави дописникот на МИА.

Северна Македонија го смени своето име минатата година за да стави крај на спорот со Грција што ги блокираше нејзините европски амбиции, но сега се соочува со противење од Бугарија со барање да ги признае „бугарските корени“ на нејзиниот јазик, народ и нејзината историја, потсетува „Фигаро“.

-Европскиот процес не треба да доведе до уцена од која било земја во Европа или Западен Балкан, ја пренесува весникот изјавата на министерот за надворешни работи Османи во Прага на онлајн прес-конференција.

-Нашите напори за одржување добри односи со соседите не се наградени, рече тој, додавајќи дека спорот со Бугарија ќе има негативно влијание врз целиот балкански регион.

Бугарија ги блокираше разговорите меѓу министрите на ЕУ за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ноември. По разговорите со Османи, чешкиот министер за надворешни работи Томаш Петричек, како што пренесе „Фигаро“, рече дека се надева оти може да се најде компромис до крајот на годината.

-Во тек се многу интензивни разговори во рамките на ЕУ за тоа како да се постигне чекор напред … Ние би сакале да постигнеме компромис оваа година, рече Петричек.

ЕУ, додаде тој, мора да го задржи статусот на сигурен партнер за земјите што спроведуваат реформи и ги извршуваат своите домашни задачи.

Поздравувајќи ја поддршката на „26-те земји“ од 27-те членки на ЕУ, Османи, како што пренесува „Фигаро“, рече дека „поддршката на европските земји е најдобриот начин за обновување на ентузијазмот и довербата во процесот“. Според него, „поддршката и забрзувањето на процесот на интеграција е најдобриот начин за подобрување на односите меѓу соседите“.

Францускиот печат многу малку се осврна на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија во однос на бугарското вето за почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.