Францускиот предлог треба да се прифати, е ставот на Партијата на пензионерите.
„Партијата на пензионерите констатира дека предлогот на француското претседателство е прифатлив, бидејќи не ги оспорува елементарните услови за заштита на македонските државни и национални интереси во процесот на пристапување во ЕУ. Извршниот одбор на седницата на 2 јули донесе едногласен заклучок со кој го поддржа ставот на претседателот на Партијата на пензионери, Илија Николовски нашето државно раководство да го прифати новиот предлог и на тој начин да се создадат услови да отпочнат пристапните преговори на земјата за влез во ЕУ“, се вели во соопштението на партијата.