Скопскиот огранок на глобалното движење на Грета Тунберг за борба против климатските промени Fridays For Future во петок во 17 часот организира собир во близина на Владата по повод пожарите кои го опфатија северниот дел од Русија изминатите недели.
-Со оглед на тоа што овие пожари се директен резултат на ефектите од глобалното загревање, собирот е во насока на демонстрирање солидарност со Русија, но и повторно истакнување на барањата за пожесток ангажман на нашата Влада во контекст на најголемата закана на 21-от век, се вели во објавата на скопскиот огранок на Fridays For Future.