Мастило во лицето на шефот на „Сахара“ групацијата, Субрата Рој. Пред Врховниот суд во Индија, Рој бил нападнат од Маној Шарма, кој се претставил себе си како адвокат.
Тој го нарекувал Субрата Рој „крадец“. Според наводите, Шарма бил задржан од страна на полицијата.
Субрата Рој во петокот беше уапсен по наредба на индиските истражни власти за голема измама, објави весникот „Хиндустан Тајмс“.
Рој изјавил дека ја пропуштил првата расправа во Врховниот суд бидејќи имал болна 92-годишна мајка.
Весникот пишува дека Рој е склон да се рекламира во јавноста како голем патриот и често е фотографиран со ѕвезди од индискиот Боливуд.
Неодамна по апсењето на Рој, од претставништвото на компанијата „Сахара груп“ во Македонија со соопштение до јавноста информираа дека најавените инвестиции во земјава не се загрозени.
Во македонската јавност пак, Субрата Рој стана познат по неговото пријателствување со владиниот врв кој го најави како голем инвеститор во земјава.