НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фронтлајн: Осум години од „Крвавиот четврток“

0
By Zoran Ivanov on April 27, 2025 ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 27 април 2017 година познат како „Крвавиот четврток“, се случи насилен упад во македонското Собрание по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Јане Ѓорѓиоски

Упадот следеше по месеци политичка криза, откако ВМРО-ДПМНЕ не успеа да состави влада, а коалицијата на СДСМ и ДУИ успеа да обезбеди парламентарно мнозинство. Дел од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со организирани групи од иницијативата „За заедничка Македонија“, го блокираа нормалното конституирање на парламентот.

Во насилствата беа брутално нападнати пратеници од опозициските партии, меѓу кои Зоран Заев (тогаш лидер на СДСМ), Дамјан Манчевски, Радмила Шекеринска, Зијадин Села (лидер на Алијансата за Албанците, кој беше особено тешко претепан) и други. Имаше и физички напади врз новинари и вработени во Собранието. Осум години подоцна, овој ден останува симбол на политичка радикализација, етнички тензии и борба за владеење на правото.

Хронологија на настаните

  • 16:00 часот — Пратениците на СДСМ и коалициските партнери, по месеци блокада, избираат нов претседател на Собранието: Талат Џафери.
  • 16:30 часот — Преку отворен влез, група демонстранти, поттикнати од протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“, насилно влегуваат во Собранието.
  • 17:00–18:00 часот — Следуваат брутални напади врз пратеници, најтешко повредени се Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Зијадин Села, кој е извлечен од толпата во бесознание.

  • 18:30 часот — Полицијата влегува во зградата дури по повеќе од еден час, со спорна бавност и пасивност.
  • Ноќта — Пратениците се евакуирани, над 100 лица се повредени.

Судски процеси и казни

По детална истрага, Судот ги процесуираше настаните како „терористичко загрозување на уставниот поредок“.

  • Во 2019 година беа осудени:
    • 16 лица на вкупно 211 години затвор.
    • Меѓу осудените беа и високите функционери на МВР од времето на ВМРО-ДПМНЕ, како Митко Чавков, кој доби 18 години затвор.
  • Паралелно, за упадот беа покренати уште неколку паралелни процеси за други инволвирани лица.

Амнестија

На крајот на 2018 година, Собранието изгласа Закон за амнестија за дел од учесниците.

  • 78 лица поднесоа барање за амнестија.
  • Од нив, 65 лица беа амнестирани.
  • Амнестијата не ги опфати организаторите и лицата обвинети за тешки дела како тероризам.

Случајот „Организатори на 27 април“, кој ги таргетираше политичките и безбедносните врвови од тоа време, сè уште трае, со повеќемина осудени и обвинети.

Основниот Кривичен суд Скопје на 23 јануари 2025 година го уважи барањето за амнестија на обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“ – ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристески, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски и поранешниот          директор на УБК, обвинетиот Владимир Атанасовски.

Судот донесе решение со кое барањето за амнестија на обвинетите се уважува и се запира постапката за обвинетите за кривичното дело загрозување на уставниот поредок на државата.

Судијата Илија Трпков, на почетокот посочи дека настаните во Собранието на 27 април 2017 година не се ниту сечени, ниту монтирани, туку вистински, порачувајќи дека ова е демократска земја и секој има право да порачува што смета, а ние судиите треба да опстанеме и издржиме во процесите.

– Уривањето на Собранието е уривање на државата. Лично и како Совет се уште сме на ставот дека интенцијата на законодавецот со Законот за амнестија беа да не се амнестираат организаторите, но секогаш има едно но, и ЈО и Апелација одлучувале дека тројцата обвинети тука не постапиле спротивно од овластувањата, изјави Трпков.

Овие обвинети тука, посочи тој, се исти со останатите обвинети во овој суд кои биле амнестирани.

– На крајот ќе излезе дека обвинетите за 27 април сами се организирале и влегле да кршат во Собрание. Тоа им е јасно на сите и на осудените во затворите дека тоа не е можно. Дека не е можно да се пробие полициски кордон на спортски натпревари, а не во Собрание. Но, некој побара од државата да биде амнестиран. Лично јас сметав дека обвинетите ќе одат до крај и ќе го докажат дека не се вмешани, но тоа е нивна одлука и треба да се почитува, изјави Трпков.

На македонската јавност, нагласи судијата Трпков, и е јасно за кого се носат и како се толкуваат законите.

– За кршењето на законодавниот дом и тепањето национални претставници не може да се каже дека е патриотски чин. Таквото постапување не е патриотско. Најголемиот дел од осудените за овие случаи убеден сум дека се патриоти, и сигурен сум дека со одлуката што следи ќе предизвика остри чувства. И пораката за нив е наведнете ја главата и побарајте прошка од државата како што го направија овие тука. Не дозволувајте некој повторно да ве манипулира. Државата се сака со дела, нагласи Трпков.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изрази сериозна загриженост поради неодамнешните одлуки на Апелациониот суд Скопје, донесени во април 2025 година, со кои беа одбиени жалбите на новинарите нападнати за време на настаните во Собранието на 27 април 2017 година.

Според ЗНМ, овие одлуки испраќаат поракa дека нападите и заканите кон новинари може да останат несанкционирани, што, како што велат од здружението, го поткопува правото на безбедно и слободно новинарство.

Во соопштението од ЗНМ се наведува дека одлуките се донесени и покрај тоа што Уставниот суд претходно веќе утврдил дека ограничувањето на слободата на изразување во контекст на насилни настани е спротивно на Уставот и Европската конвенција за човекови права.

Текстот е сопстѕвеност на Фронтлајн.мк

27-ми април 9 години крвав тема четврток
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.