Откако синоќа испиша историја пласирајќи се во групната фаза од Лигата на Европа, македонскиот фудбалски шампион Вардар, денеска е во исчекување на ждрепката за да види со кои четири тимови фудбалерите на Чедомир Јаневски ќе ги одмерат по два пати силите, дома и гости.
Според пресметките Вардар ќе добие 2.6 милиони евра за влез во групната фаза, без да се земат в предвид трите домашни средби од квалификациите, парите од карти, телевизиските права, како и победите и нерешените натпревари за кои УЕФА “наградува“.
Бонус од 320.000 евра е предвиден за победа.
Со оглед на тоа што целосната сума заработена изнесува речиси 6 милиони евра, Вардар сериозно ќе треба да размислува за да донесе уште некој квалитетен играч до крајот на август кога завршува трансфер периодот за да се надева на поголем успех во групната фаза.
Сериозен предизвик ги очекува македонските шампиони бидејќи во излекувањето се во последниот четврти шешир каде слободно може да се каже дека се “аутсајдерите“ во Лигата на Европа.
Кои се можните противници:
Прв шешир: Арсенал, Зенит, Лион, Динамо Киев, Виљареал, Атлетик Билбао, Лацио, Милан, Викторија Плзен, Салцбург, Клуб Бриж, Копенхаген
Втор шешир: Брага, Стеауа, Лудогорец, Бате Борисов, Евертон, Јанг Бојс, Марсеј, Реал Сосиедад, Локомотив Москва, Австрија Б, Херта, Ница
Трет шешир: Астана, Партизан, Хофенхаим, Келн, Ријека, Гимараеш, Аталанта, Зулте Варагем, Зорја, Шериф Хапоел Бершева, Аполон
Четврти шешир: Басакешир, Коњаспор, Витезе, Славија Прага, Црвена Sвезда, Скендербег, AEK, Злин, Лугано, Oстерсунд, ВАРДАР.

