Премиерлигашот Евертон на својата официјална веб-страница информира за отстранување од тимот на фудбалер кој е под истрага за сексуален престап – се води истрага за педофилија.
– Во очекување на полициска истрага потврдуваме дека суспендиравме играч од првиот тим. Клубот ќе продолжи да ги поддржува властите во нивните истраги и нема да дава никакви други изјави во овој момент, се вели во соопштението.
Претходно „Сан“ објави дека фудбалер на клубот од Ливерпул е уапсен под сомнение за сексуални злосторства врз деца. Играчот во моментов е ослободен со кауција во очекување на понатамошна истрага.
– Полицајците уапсија 31-годишен маж на 16. јули 2021 година поради сомнеж за педофилија. Во моментов се води истрага за расчистување на случајот, соопштија од полицијата.
Шпекулациите се поврзуваат со двајца фудбалери – Гилфи Сигурдсон или Фабијан Делф, затоа што и двајцата имаат по 31 година во таборот од Ливерпул.