Позната македонска градежна компанија ќе гради телекомуникациска кула на Водно.
Наскоро ќе се изработи и 3Д симулација која ќе овозможи да се видат сите аспекти на кулата од различни перспективи, јавува порталот Плусинфо.
Антенскиот систем ќе се гради на висина од 155 м, во близина на Скопје, на планината Водно, на 500 метри источно од Милениумскиот крст.
Според предвиденото, проектот треба да се реализира за пет години, пишува Плусинфо
Кулата, ќе обезбеди контрола врз користењето на радиофреквентниот спектар. Ќе се инсталира високо софистицирана мерна опрема за контрола и мониторинг на радиофреквенции и соодветни антенски системи.
Во кулата ќе бидат сместени предавателите на македонските оператори, и антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенциите. На врвот, ќе има канцелариски простории, но, и ротирачки ресторан од кој посетителите ќе можат да го гледаат Скопје.