Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФЗОМ: Матичните гинеколози се најскапо платени лекари во државата

0
By Менче Атанасова Точи on March 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Матичните гинеколози се најскапо платените специјалисти во Македонија со просечна месечна исплата од 169 илјади денари по тим. Колку за споредба, тоа е повеќе од 55,500 денари отколку што Фондот исплаќа на општ матичен лекар. Вака ФЗОМ им одговори  на Здружението на матични гинеколози кои денеска излегоа со писмо дека во иднина ќе издаваат само упати бидејќи нивните барања два месеца стојат во Фондот без да бидат разгледани.

Од ФЗОМ велат дека Фондот не претпочитаат комуникација преку медиумите со своите стратешки партнери, па поради тоа во најбрз можен рок планирале средба со Здружението на матични гинеколози, а одлуките ќе бидат јавно соопштени. Во соопштението се вели:

„Фондот за здравствено осигурување на Македонија сака да ја информира јавноста во врска со барањата на матичните гинеколози реафирмирани преку јавните гласила во Република Македонија.

Матичните гинеколози се важна карика во здравствениот систем бидејќи се грижат за репродуктивното здравје на жените, а водено се во помал број од предвидениот во Република Македонија. Фондот го препознава овој факт и поради истото континуирано одржува редовни средби со Здружението на приватни гинеколози на Република Македонија (ЗПГАМ).

Точно е дека пред два месеци беше последната средба, на која Здружението презентираше неколку барања, пред се од финансиски аспект.

Фондот секогаш ги носи своите одлуки во интерес на своите осигуренички, а пред се, во насока на обезбедување на квалитетна и навремена здравствена заштита, па така и овојпат, партнерски ги разгледува можностите за изедначување на капитациониот бод за матичните гинеколози со другите матични  лекари. Н, ова предвидува нови финансиски средства.

Фондот не претпочита комуникација преку медиумите, со своите стратешки партнери, па поради тоа, сакаме да ја информираме јавноста дека во најбрз можен рок, е предвидена средба на менаџментот на Фондот со претставници на ЗПГАМ. Сите одлуки кои ќе бидат заеднички донесени ќе бидат навремено соопштени.

Колку за информација, треба да земеме предвид, дека матичните гинеколози се најскапо платените специјалисти во Репулбика Македонија, со просечна месечна исплата од 169 илјади денари по тим. Колку за споредба, тоа е повеќе од 55,500 денари отколку што Фондот исплаќа на општ матичен лекар“, се вели во одговорот на ФЗОМ.

Како што објави НОВА матичните гинеколози од ФЗОМ бараат пакет за здравствени услуги, зголемување на капитацијата, поделба на пациентките по возрасни групи и воведување на коефициенти за нив исто како и кај другите матични лекари, како и пакет на услуги(да се знае кои услуги ги бара ФЗОМ за таа капитација, во и вон бременост.

Ваквата одлука Управниот одбор на здружението ја донел поради притисокот од пациентките кои не сакаат да им се наплаќа за услуги кои се бесплатни, како и притисокот од медиумите и целокупната јавност.

Матичните гинеколози сметаат дека ФЗОМ својот игнорантски, деградирачки, арогантен, популистички и банкарско-лихварски однос постојано и систематски се обидува да го стивне гласот на добриот доктор, делувајќи како еден од позначајните фактори на страдање на докторската заедница.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.