Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФЗОМ од денеска започнува со пререгистрација за невработените

0
By Менче Атанасова Точи on February 1, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Невработените граѓани кои минатата година имале повисоки приходи сега ќе плаќаат половина од основицата на просечната плата, односно по 1 333 денари месечно

Од денеска Фондот за здравствено осигурување започнува со автоматска пререгистрација на невработените и граѓаните со ниски примања кои треба да се јават во подрачните служби на Фондот само доколку имаат промени во личните примања.

Невработените граѓани кои минатата година имале повисоки приходи и досега плаќаа по 2 480 денари за здравствено осигурување, сега ќе плаќаат половина од таа сума, односно по 1 333 денари месечно.

Ова го овозможија новите измени на Законот за придонеси со што за половина им е намален износот на лицата кои се невработени, а претходната тековна имале примања до или над 216.102,00 денари.

„Со измените и дополнувања на Законот за придонеси од задложително социјално осигурување објавени во Службен весник на РМ бр. 247 од 31.12.2018 година, лицата со повисоки примања нема да имаат повеќе обрска да плаќаат придонес за задолжително здравствено осигурување на 100% основица на просечната плата во Републиката објавена во јануари во тековната година туку основица за пресметка на придонес за задолжително здравствено осигурување за оваа категорија на осигуреници е 50% од  просечната плата во Републиката објавена во јануари во тековната година. Оваа законска поволност ќе ја користат 462 осигуреници“, се вели во соопштението на ФЗОМ.

НОВА  неколку пати објави за овој небулозен закон кој беше донесен пред осум години од претходната власт и ги осиромаши невработените граѓани кои беа принудени  да плаќаат високи суми за да бидат здравствено осигурани иако за тоа плаќале претходната година кога биле вработени.

Новите измени на Законот за придонеси на овие граѓани не им овозможија целосно ослободување, туку тие мора да плаќаат половина од основицата на просечната плата.

Од ФЗОМ велат дека има нови лимити за здравствено осигурување според нето приходот остварен во 2018, односно дека Министерството за здравство го плаќа здравственото осигурување за лицата чии годишни примања на ниво на семејство биле до 145.980 денари.

Министерство за здравство го плаќа здравственото осигурување и за оние лица кои лани оствариле приход меѓу 145.980 и 216.102 денари, а последните два месеца имале вкупен приход под 24.330 денари.

Само осигурениците кои минатата година имале вкупни приходи меѓу 145.980 и 216.102 денари ќе плаќааат здравствено осигурување од 50 отсто од просечната плата или 1.333 денари месечно, како и  оние кои се невработени, а претходната година оствариле приходи над 216.102 денари, односно 50 отсто од просечната плата или 1.333 денари месечно.

Од ФЗОМ соопштуваат дека оние граѓани кај кои има промена во процентот на плаќање на здравственото осигурување ќе добијат извествање од Фондот и дека нема потреба да доаѓаат во подрачните служби.

„Осигурениците кои имаат промена во приходите, како и оние кои за прв пат се регистрираат тоа може да го направат од први февруари до 31 март годинава, треба да дојдат во подрачните служби за да се направи пререгистрација“, велат од ФЗОМ.

Од ФЗОМ известуваат дека доколку се утврди дека осигуреното лице спаѓа во друга категорија со повисоки приходи, а не пријавило дека има приходи и користело здравствени услуги, по службена должност ќе се донесе решение за престанок на својството на осигурено лице.

„Со тоа му се укинуваат правата од задолжителното здравствено осигурување, освен правото на итна медицинска помош. Овие лица на кои нема да им се продолжи здравственото осигурување поради повисоки приходи од наведените лимити ќе треба да дојдат во подрачната служба да го регулираат своето здравствено осигурување“, се вели во соопштението од ФЗОМ.

Овој закон кој е донесен во 2011 година од претходната власт, од сегашната е оценет како штетен и нелогичен, но го коригираа дури две години од доаѓање на оваа власт.

Сепак и вака како што е поставен со новите измени со плаќање на половина од сумата, овој закон ги дискриминира граѓаните кои останале без работа, а претходната година кога биле во работен однос редовно плаќале здравствено осигурување.

Законот за социјални придонеси донесен во време на екс министерот за финансии Ставревски осум години им одеше на штета на граѓани кои останале без работа и мораа да плаќаат за здравствено осигурување само заради тоа што претходната година работеле и одвојувале придонеси за тоа

Фондот за здравствено осигурување редовно се правда дека само спроведува закон кој е донесен од Министерството за финасии, а оваа категорија граѓани  остануваат и понатаму да плаќаат и не се целосно ослободени како и останатите невработени лица.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.