Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФЗОМ подготвува нова распределба на квоти за лековите на рецепт

0
By Менче Атанасова Точи on September 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фондот за здравство подготвува нова методологија за распределба на квотите за лековите на рецепт во аптеките, дознава НОВА од извори во ФЗОМ.

Неофицијално, според документи до кои дојде НОВА, а кои се уште не се конечни се прави распределба на квотите со која остануваат нераспределени  11 милиони денари. Ова создава дилема дали  за граѓаните ќе има помалку лекови на рецепт.

Директорот на ФЗОМ, Ден Дончев тврди дека се работи на повеќе сценарија на нова методологија со цел да се оптимизираат квотите и дека ниту една од тие верзии не е конечна. Од ФЗОМ се децидни дека нема да има намалување на масата на пари за лекови на рецепт.

„Се работи на нова методологија на распоредување на квотите што за да биде подобро и за граѓаните и за ФЗОМ“, изјави за НОВА, директорот Дончев.

Ден Дончев, директор на ФЗОМ

Иако беше најавувано дека лекови на рецепт ќе има во текот на целиот месец, тој проблем досега не се реши. Граѓаните се револтирани.

„Чекам да дојде 1 ви во месецот за да можам да набавам лекови кои ми се редовна терапија. Но, често ми се случува и да ги купувам  после 15 ти во месецот кога ги нема на рецепт“, вели С.М, која е на терапија за срце и висок крвен притисок.

Ова е сериозен проблем за луѓето кои имаат здравствено осигурување, а се принудени да купуваат лекови на рецепт кога ќе ги снема во аптеките.

“Си го купивме антибиотикот бидејќи го нема на рецепт, во аптека ми рекоа дека се потрошиле квотите. Бев во неколку аптеки го нема бидејќи е крај на месец, а детето мора да го зема “, рече загрижен родител.

Пред неколку месеци Дончев изјави дека ФЗОМ нема контрола врз рецептите во аптеките и дека се можни злоупотреби од одредени матични лекари. Според него, постојат сериозни индиции лекови на рецепт да завршуваат на пазарите во некои од соседните земји и дека тоа е главната причина што нема лекови на рецепт после 10 ти во месецот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.