Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Г.Г.Михаило: МПЦ и ЦПЦ нема со пари да го купуваат томосот

0
By Нова ТВ on June 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Цариградската патријаршија навикнала за издавање на томосот (указ со кој се потврдува автономниот статус на една црква) на православните цркви да добие паричен надоместок, како што со СПЦ се случило двапати. ЦПЦ не размислува за тоа, ниту, пак, својата автокефалност и слобода ќе ги купува со пари, а сигурен сум дека така размислува и МПЦ“, вели во интервју за Нова Македонија, г.г. Михаило.

На прашањето, дали МПЦ-ОА ја доживувате како жива црква, поглаварот на Црногорската православна црква со одговор:

– МПЦ-ОА е Божја и историска црква на македонскиот народ и држава. Под јурисдикција на Охридската архиепископија се наоѓала и Српската православна црква. Од јурисдикцијата на Охридската архиепископија, СПЦ излегла на неканонски и незаконски начин, за што постојат аргументи, кои ги сведочел Димитрије Хоматијан.

– МПЦ постојано води мисија за остварување на својата самостојност. Конечно во 1967 година е прогласена автокефалната МПЦ. Со тој историски чин се остварени вековните права на постоење и траење на македонскиот народ, црква и држава.

– Со таков величествен епилог, македонскиот народ се потврдил како државотворен и историски достоинствен народ, а Македонија како негова држава. Со тоа МПЦ ја докажала светоста на своето постоење и мисија. Конечно се одбиени и сите политички оспорувања на МПЦ од великодостојниците на СПЦ и великосрпската политика на Србија.

– Во време на големата агресија на СПЦ и на Србија кон МПЦ и македонската држава, претседателот на Македонија дал историски одговор дека на македонската држава никој не може да ѝ наметнува нова црква. Би сакале и црногорските државници да им упатат таков одговор на Српската црква и на официјална Србија. Уште еднаш потсетуваме дека СПЦ ниту дала, ниту, пак, има одговор зошто била под јурисдикција на Охридската архиепископија. Единствениот одговор е во анатемата на ОА, односно на нејзиниот архиепископ Димитрије Хоматин на Растко Немањиќ – свети Сава. вели г.г. Михаило.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.