НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ГАК до Филипче: Да се преиспита одлуката за изградба на катна гаража

0
By Менче Атанасова Точи on November 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да се преиспита одлуката за изградба на монтажна катна гаража до Клиниката за гинекологија и официјално од министерот Филипче побарал менаџментот на оваа клиника. Во писмото тие го потсетуваат министерот дека уште во март побарале тој простор кој е во непосредна близина до неонаталната интензивна нега,  да се санира и облагороди со зеленило кое ќе биде од корист и за пациентите и вработените.

Секако, најмногу за недоносените новороденчиња под чии прозори треба да никне катна гаража иако од таа страна се машините за внесување на воздух за вентилација на интензивна нега, операционите сали и на целата клиника.

„За таа цел предложивме половина од површината на дупката од околу 2800 метри која во меѓувреме се тампонираше, да се уреди со хортикултурно зеленило во вид на мини парк и да преставува „тампон зона“ меѓу гаражата и одделот на предвремено родените бебиња“, се вели во писмото до Филипче.

Раководството на ГАК, му предочува на Филипче дека од неодамна од кога почнале подготовките за поставување на катна гаража, за која министерот најави дека е времено решение за да се намали хаосот со возила, на Гинекологија се загрижени и сметаат дека заеднички треба да се обидат да го решат овој проблем во прилог на безбедноста на најмалите пациенти.

„Површината која би преставувала парк воедно ќе биде„тампон зона 3, меѓу површината која може да се намени за нешто друго, кое ќе ја нарушува целата околина по должина на Гинекологија, во распон од почеток до крајот на целото одделение за интензивна нега на предвреме родените бебиња кои мораат да  бидат заштитени од секаков вид на дразби како што се звучни, вибрации на од возила или градежни како и загаденост од издуваните гасови доколку би се поставил паркинг простор, односно гаража до нив“, го потсетува раководството на ГАК, министерот Филипче, на она што му образложиле во претходното писмо од 23.03.2018 година.

Дупката каде што требаше да биде новиот Клинички центар сега се порамнува за катна гаража

Меѓу вработените на ГАК се повеќе се заговара идејата катна гаража да се постави на просторот каде што се струденските бараки кои сега се празни и во нив живеат бездомници, отколку на влезот на Клиничкиот центар каде штое најгоелмата гужва и каде се од една страна е интензивната нега на новороденчињата, а од другата хирургија.

Минатата недела министерот Филипче за НОВА изјави дека се планирани две катни гаражи едната до ГАК, а другата до Инфективна клиника. Тој најави дека ќе се прави елаборат со кој треба да се осмисли како да се заштити клиниката од бучавата и издувните гасови од возилата.

„Ќе водиме сметка за сите овие работи, внимателно ќе се изработи елаборатот“, изјави тогаш Филипче,  за НОВА.

Дека бучавата и издуваните гасови можат да бидат катастрофални по здравјето и опстанокот на предвреме родените бебиња во ПРОЦЕС укажа и еминентната докторка од Белград, Снежана Рсовац која на клиниката престојува за да работи на решавање на намалување на смртноста на недоносените бебиња. По продолжение погледнете што за ова кажа др. Рсовац.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.