Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гамбитот на Заев

0
By Биљана Секуловска on November 21, 2020 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Конечно, колку пати треба да се тресне на масата и да се каже- доста е, никогаш повеќе. Пендаровски, Димитров и Заев постојано ја ставаат точката на сето понижување и небулози кои ги сервира официјална Софија и  јасно порачуваат-еднаш засекогаш, да запамети Бугарија- дека разговорите ќе продолжат, но не и за македонскиот јазик и идентитет.

Тој пак, премиерот, премногу мек и со кафифено одбрани зборови, се обидува да ја разнежи Бугарија, да ја воспита и преобрати. Дали е можно да е бескрајно наивен или се работи сепак за дипломатски вешт  политичар, вистински мајстор на играта, кој трпеливо и педантно ги реди шаховските фигури, додека другата страна му ги превртува, гази, и зачалкува доволно далеку, за д не може да ги собере кутрите остатоци.

Низ сиов овој период Заев  се чини дека се надева на горко покајување,  макар било прикриено, трошка срам од бугарска страна, барем поолунаведната глава, можеби освестување некакво, момент на слабост, конечно растерување на историските романтични позиции. Ништо од тоа Заев не добива, барем засега, со мали шанси воопшто да добие грам од таа негова надеж за пријателство од другата страна- ништо, освен поголемо потценување, исмејување и пресмејување додека не ги заболи стомакот, а тука се повторно преострите зборови, превисоките, пискави  тонови, се ова сервирано од бугарска страна, навреди, и безгранични навреди и повторно огромни понижувања.

Захариева и Каракачанов како стрелачки вод испратен лично од Тодор Живков, ги испукуваат сите можни рафали, додека Бојко Борисов стои во позадината и лукаво се потсмевнува, чекајќи Заев да се појави повторно, со нови дефиниции на пријателството, играјќи на картата на добрина, разум и повторно срам, кој никаде го нема, ниту пак некогаш го имало од бугарска страна.

Да, во право е Захариева- говорот на омраза е најголемиот непријател- но, тоа важи и за двете страни, таа мора тоа да го има на ум.

Досега, се покажа дека подадената рака на пријателство од македонска страна, за Бугарија значи труба за повик на отсекување на таа рака, кршење и на најмалите ковчиња, со најмали шанси да можат да се подзалепат, за таа рака повторно да ја добие благоста и милоста. Некои се надеваат дека грубоста и суровоста на Бугарија ќе заврши се до изборите во таа земја пролетва- тогаш ќе настапи процес на освестување и преродба. Ваквите надежи на некои македонски идеалисти секако дека се политички аматеризам, но знаете како- ако не сте на менито, веројатно ве изеле, а да не сте свесни за тоа.

Кога ќе дојде време за дижестив, фигурите на шаховскиот гамбит на Заев ќе бидат најдобар сигнал- дали се во состојба да ја продолжат борбата, или пак играта е завршена и пред да започне.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.