Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ганиу: Автентичниот изглед на чаршијата ќе остане, травертин вадиме, травертин ставаме

0
By Нова ТВ on April 14, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Камен травертин се вади, камен травертин се става. Имаме изнајмено магацин во Општина Шуто Оризари и целиот камен што се вади одовде, ќе се депонира таму, ќе се класифицира и пак ќе го вратиме на улицата „Самарџиска“. Каменот што се поставува е домашен, а целиот проект од тендерирање до избор на оператор го водеше Светска банка. Тоа сакавме да го направат тие, за да бидеме потранспарентни пред граѓаните. Целта е да се зачува стариот и автентичен изглед преку одржување на каменот травертин како еден од карактеристичните белези на старата скопска чаршија, но и да создадеме подобри услови за занаетчиите и, посебно, на туристите кои го посетуваат овој значаен монумент на нашето културно наследство, истакна градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу на денешната прес-конференција по повод работите за освежување на изгледот и реставрација на Старата скопска чаршија.

Проектот, како што истакна Ганиу, е финансиран од Светска банка со грант во висина од 600.000 евра. Работите се дел од проектот „Промоција на туризмот во Старата скопска чаршија“ кои, меѓу другото, како што нагласи првиот човек на Општина Чаир, опфаќаат санирање на оштетениот камен – травертин за што се обезбедни дозволи од сите надлежни институции како и од Управата за заштита на културно наследство која врши надзор на целиот процес.

„За содржината на проектот што го започнавме во декември во 2019 година, како и за динамиката и фазите на реализација во континуитет, ја имаме известено јавноста. Овој проект на санација и зачувување на автентичниот изглед на Старата скопска чаршија предвидува поставување на камен со ист материјал како и претходниот (травертин) на површина од 1.800 метри квадратни што е дозволен и според извештајот на лабораториската анализа за исполнување на условите“, вели Ганиу.

Тој, меѓу другото, нагласи дека со проектот се опфаќа и реставрација на 75 дуќани во чаршија во кои во минатото биле извршени неадекватни интервенции од сопствениците имаат деградирано културно наследство, планирано е поставување на натписи по нив, поставување на тенди по објектите, виртуелизација на Старата скопска чаршија, апликација за идентификација и опис на спомениците во чаршијата, целосна сигнализација на старата скопска чаршија, итн.

„Затоа овој не опфаќаше само промена на каменот травертин, туку опфаќаше и голем дел од излозите. Бидејќи имавме излози што ги пластифицираа и со сопствениците ги добивме сите дозволи од Конзерваторна и сите институции што беа потребни. Значи сите излози ќе бидат дрвени и унифицирани во овој дел на чаршијата оти некои и претходно ги унифицираа со проект на Министерството за економија“, потенцира чаирскиот градоначалник.

Ганиу нагласи дека целта не е да се направи измена на автентичноста на инфраструктурата на чаршија, како што се обидува, вели тој, да се претстави во некои портали за кои рече дека тенденциозно објавувале информации без да ја набљудуваат содржината на проект.

„Потребата од имплементација на овој проект произлегува од оштетувањето на улиците во чаршијата од неколку фактори меѓи кои – атмосферските влијанија, движење на возилата за пренесување на стоки, неадекватните интервенции при работните процеси за враќање во поранешната состојба кои се вршеле со бетон и други материјали“, изјави Ганиу.

Каменот – травертин што се вади во моментот е поставен во 1970 година, а не пола век како што пишуваа некои медиуми.

„Јас сум роден 1978 година и сум кажал дека и тој е наше богатство. Но, некој да компарира дека овој камен е стар повеќе од 500 години, а ние го продаваме, значи тие што тоа го пишуваат, треба прво да видат што содржи проектот, па потоа да објавуваат информации. По 24 часа сум на располагање на граѓаните и јавноста да ја објаснувам ситуацијата, но дезинформациите во моментот не придонесуваат добро на чаршијата“, истакна Ганиу.

Грижата на Општината, истакнува тој, се потврдува и со тоа што травертин камењата што се вадат, ќе бидат собрани и складирани во магацин.

„Ќе нема нивна продажба, како што пишуваат некои портали, па дури се споменуваат и земји во кои веќе се продадени тие камења. И во наредниот период ќе ги класифицираме и ќе ги употребиме на улицата „Самарџиска“ во Чаршија. За таа улица и улиците кои гравитираат во тој дел има основен проект и сме во очекување на конзерваторската дозвола која е основа за започнување на работите на таа улица“, рече првиот човек на Општина Чаир.

Ганиу посочи дека на 21 февруари биле изготвиле брошури. Вечи лично минал од дуќан до дуќан во чаршијата, седнал, како што нагласи, со луѓето и го објаснил проектот во детали. За тоа дали проектот бил ставен на јавна расправа и дали биле консултирана сручната фела, тој потенцира дека немало од такво нешто. Изрази подготвеност да се стават на увид сите процедури за добивање на дозвола, од Сектор за урбанизам, Министерство, Општина Чаир за кои, како што рече, „година и пол чекавме и не почнувавме со проектот додека не ги добиеме сите потребни дозволи за да имаме право за отпочнување со работните дејства“.

Висар Ганиу Стара чаршија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.