Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гаши: Парламентарното мнозинство е стабилно, но можно е да се зголеми

0
By Marija Todorovska on May 28, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Парламентарното мнозинство е стабилно, но можно е да се зголеми и да биде над 70 пратеници, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши на прес-конференција по повод една година од овој парламентарен состав. Се чисти сцената, додаде тој, и се знае како ќе продолжи со работа Собранието. 

Можно и да се зголеми. Зборуваме за над 70 пратеници… Во оваа ситуација зборуваме за околу две третини во Собранието, рече Гаши нагласувајќи дека за нив е што поважно што поголем број пратеници да се приклучат на искрената заложба за зголемување на животниот стандард да се реализира.

Гаши посочи дека Собранието ќе го ратификува договорот за стратешко партнерство со Велика Британија што подразбира инвестиции од шест милијарди со конкретни проекти.

На повидок е успешна година која очекуваме дека ќе влијае на сите граѓани, рече Гаши.

Во однос на уставните измени, го повтори ставот дека е потребна предвидливост на процесот за да бидеме сигурни дека тој нема да биде билатерализиран. Гаши кажа дека на сите средби надвор од државата и со странски претставници се бара поддршка за да нема повторна блокада за нашиот почеток на преговори со ЕУ.

Претседателот на Собранието на прес-конференцијата најави закон за прогласување безбедносна зона околу Собранието, чијшто драфт бил поделен на координаторите на пратеничките групи на последната средба.

Собранието да има свој двор и сопствен паркинг, рече Гаши објаснувајќи дека земјиштето околку парламентарната зграда, којшто бил во приватна сопственост, со законот да може да се откупи и да стане државна сопственост. Притоа тој не кажа колку средства ќе бидат потребни за оваа намена и дали тоа ќе биде покриено од Буџетот на Собранието или не.

Во однос на законот за правичната застапеност, Гаши кажа дека се уште е во подготовка.

Негов приоритет, како претседател на Собранието во изминатата година, било остварување на законодавната функција, преку редовно свикување на седници, воспоставување праведни и правични практики, вклучувајќи го и спречувањето на злоупотребата на ЕУ- знамето, како и координацијата и развојот на конструктивен дијалог со пратениците и институционалните актери со цел постигнување консензус во донесувањето одлуки.

Собранието како дом за сите не е само слоган, туку реална заложба со конкретни чекори, рече Гаши.

По повод една година од овој парламентарен состав Кабинетот на претседателот подготви извештај кој што може да се погледне на веб страната на Собранието.

Гаши парламентарно мнозинство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.