Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Генчовска: Инцидентот во Битола нема да ги наруши односите меѓу Македонија и Бугарија

0
By Соња Крамарска on June 4, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
фото: nezavisen.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Овој инцидентот нема да ги наруши односите, но неговото расчистување ќе биде доказ од Северна Македонија дека не се користи насилство и дека е против говорот на омраза. Продолжуваме со многу конструктивниот дијалог. Морав да излезам од средбата со Бујар Османи, сега се враќам пак, продолжуваме. Мислам дека ќе се договориме за нештата кои треба да се завршат од страна на Република Северна Македонија да биде исполнет договорот“, рече министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска, која го прекина состанокот во Скопје и замина за Битола.

Генчовска на прашањето дали ќе го дигнат ветото за почеток на пристапните преговори со ЕУ во јуни рече дека тоа зависи од Македонија и од европските партнери. Запрашана дали по инцидентот размислуваат да го променат името на културниот клуб во Битола „Ванчо Михајлов“, според фашистичиот соработник, зашто македонскиот народ го доживува како провокација, таа одговори дека центарот одамна ги носи тоа име и воопшто не станува збор за да се промени.

Таа изрази уверување дека македонските служби ќе го откријат потпалувачот на клубот во Битола и ќе го казнат. „Како што ме увери началникот на битолската полиција, преземени се сите мерки и во најскоро време ќе следат резултати. Се надевам на конечни резултати за да има конечна пресуда за извршителот“, додаде Генчовска.

Заедно со Генчовска во Битола беа и бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и конзулот Димитар Иванов.

 

пожар во „Иван Михаилов“ Битола Теодора Генчовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.