Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Генијалците конечно ќе седнат до Тодоров

0
By Менче Атанасова Точи on April 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на генијалци на министерот Тодоров доби зелено светло од Комисијата за заштита од дискриминација дознава НОВА од извори во комисијата. Седуммината членови кои заседаваа доцна попладне заклучиле дека нема дискриминаторски елементи во идејата на Тодоров , да формира совет од луѓе кои имаат коефициент на интелигенција над 140.

Иако одлуката сеуште не е официјализирана, дознаваме дека комисијата која прват се среќава со ваков случај, одлуката ја донела врз основа на странски искуства.

-Да, точно е дека дадовме зелено светло бидејќи странските искуства покажуваат дека министерот има право да бара специфичен облик на услуга, особено што не се работи за редовно вработување на лица, туку тоа е дополнителен ангажман изјави за НОВА Душко Миновски претседател на Комисијата.

Пет месеци откако беше објавен конкурсот во Министертвотоза здравство се јавиле 63 лица, од кои 20 се вратени на повторно интервју.

НОВА повеќе од две недели чека одговор на прашањата кои до кабинетот на министерот Тодоров беа пратени во електронска форма. Тодоров не одговори зошто цели пет месеци конкурсот што беше најавуван на големо тапка во место. Дали смета дека со овој потег ги ограничува сите оние кои сакаат да се пријават на конкурсот, се специјализирале од областа на јавното здравство, но не се обдарени со надпросечна интелегенција.

Професорката Мирјана Најчевска смета дека иако нема елементи за дисктриминација, идејата на Тодоров е обична глупост.

-Тоа не е дискриминација, но, со ова се покажува дека нестручноста станува вредносен елемент. На овој начин владата сака да покаже колку вложува во здравството, но со потполно неважни работи изјави за НОВА професорката Најчевска.

Таа потенцира дека некој може да има кофицинет на интелегенција 200, но тоа не значи дека може да биде советник од одредена област, која што не ја познава и за која не е стручен.

-Кандидатите од конкурсот може да бидат паметни, но да немаат познавања од областа која се бара од нив. Со овој чин само се замајува јавноста дека нешто навистина се прави вели Најчевска.

Тодоров во изминатиот период изјавуваше дека сака околу себе да има натпросечно интелигентни луѓе, кои би го советувале какви чекори да превземе, дека ќе го сослуша секое мислење, но одлуката на крајот ќе ја донесе самиот.

Без разлика дали ќе бидат редовно вработени или со договор на дело, овие луѓе сепак ќе бидат на товар на буџетот. Колку и да звучи забавно, додека Тодоров собира ум од генијалци кои немаат појма од реформите во здравството, цената ќе ја плаќа народот велат експертите.

Советот на Тодоров се отчекува да биде формиран по изборите, откога ќе го добие и официјално мислење на Антидискриминациската комисија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.