ГЕРБ на Бојко Борисов освои најмногу гласови на предвремените парламентарни избори но според првичните резултати тешко е да се претпостави дали Борисов со 33,2 % од освоените гласови ќе успее да формира влада.
Социјалистите се на второ место со 16,5% освоени гласови. Трета се ДПС на турското малцинство со 14,1 % освоени гласови. Изненадувачки висока поддршка доби Реформаторскиот блок од 8,7% . Во парламентот влегува и Бугарија без цензура со 6,3% и Патриотскиот фронт во кој е ВМРО со 6% освоени гласови. Според првичните резултати екстремно десната Атака нема да успее да добие место во парламентот.
Според прогнозите Борисов би можел да постигне договор за формирање на нова влада со Реформскиот блок но за да обезбеди мнозинство на десничарската влада ќе му треба поддршка и од Патриоткиот блок за што се претпоставува дека е голем предизвик за Борисов поради големите идеолошки разлики на ГЕРБ и Реформскиот блок од една и Патриотскиот блок од друга страна профилиран како националитичко движење.