Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Герила акција во Кисела Вода: циркулираат летоци „од каде има Орце 8.000 евра за луксузен саат?“

0
By Marta Pesevska on October 29, 2023 ВЕСТИ, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во општината Кисела Вода во станбени згради на граѓаните на Кисела Вода циркулираат летоци на кои стои слика од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој носи скап саат и текст „Од каде има Орце 7600 швајцарски франци за луксузен саат 8000 евра се тоа Орце, 30 плати на еден работник! Лапај Орце лапај ама ќе дојдат избори“.

Граѓаните на оваа општина се разочарани од фактот дека и покрај тоа што нивната општина се брои во најзадолжените општини во државата, нивниот градоначалник се перчи со часовник кој вреди 7.600 швајцарски франци.

Имено, за период од две години, долгот во времето на Орце се зголемил за над 40 милиони денари.

Тука може да се додадат и долговите кон добавувачите, а исто така на сајтот на општината не може да се најдат информации дали е платен долгот кон „Дрисла“ од каде во јули годинава посочија дека договорот на општината е истечен во март годинава.

Дополнително, одлука на  Ѓорѓиевски, да го исфрли ѓубрето пред јавното претпријатие „Дрисла“ кога штрајкуваше ЈП„Комунална хигиена“, ги чинеше општината Кисела Вода и Ѓорѓиевски дополнителни 90.000 евра . За оваа казна тој беше дециден дека нема да ја плати и до денеска нема информација дали воопшто ја платил.

Се поставува прашање како Ѓорѓиевски кој глуми загриженост за сиромаштијата која владее, можел да си приушти часовник кој чини 20 минимални плати.

За потсетување, тој пред неколку месеци демантираше дека побарал зголемување на својата плата и дека таа била во висина на законските одредби, но не посочи бројка.

Неговата плата изнесува над 90.000 денари, што значи дека за својот часовник потрошил околу 5 градоначалнички плати.

Од сето ова може да се заклучи дека Ѓорѓиевски домаќински работи само на личниот буџет, за краток период заштетедил за да си купи луксузен часовник.

герила-акција општина Кисела Вода
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.