Published: Friday, January 2, 2026 12:02
Берлин: Во Германија стапи на сила забрана за инсталации за греење на јаглен и кокс. Постоечките уреди мора да бидат укинати најдоцна до 2045 година.
Сопствениците на станбени и индивидуални објекти кои нема да ги почитуваат новите строги одредби, ќе се соочат со значителни парични глоби.
Грејните тела на дрва ќе бидат дозволени, но под стриктни услови, односно мора да исполнуваат високи еколошки норми.
Дозволена е употреба на необработено дрво, додека целосно се забранува согорување на пластика, гума, обоено, лакирано или хемиски третирано дрво, како и на весници и отпадна хартија.




