Германците пратеници изгласаа легализација на истополови бракови овозможување на геј и лезбиските парови и им дадоа целосни права, вклучително и посвојување.
Норберт Ламерт, претседател на Парламентот, рече дека 393 пратеници гласале „за“, додека „против“ биле 226, а четворица воздржани.
Канцеларката Ангела Меркел изјави дека гласала „против“ бидејќи таа верува дека бракот е за маж и жена, и дека изборот е личен, но рече дека се надева оти резултатот од гласањето ќе води кон поголем социјален мир.
Нацрт-законот беше предлог на левичарските ривали на канцеларката Меркел. Долниот дом го одобри законот во петокот, часови пред Бундестагот да ја започне летната пауза.
Законот треба да стапи во сила до крајот на годината.