Членовите на германската Социјалдемократска партија (СПД) гласаа за обновување на коалицијата со христијанските демократи на канцеларката Ангела Меркел (ЦДУ), со што е прекинат неколкумесечниот политички ќорсокак, јавува Си-Ен-Ен.
Постигнати се 66.02% од гласовите да (239.604 гласачи) и 33.98% не гласале (123.329 гласачи) на големата коалиција, објави во неделата трезористот на СПД, Диетмар Нитан.
Позициите на министерствата ќе бидат објавени во наредните неколку недели и новата Влада може да се формира до крајот на март, скоро шест месеци по изборите откако двете партии изгубија рекорден број на гласови и и оставија малку коалициони опции на Меркел.
Канцеларката Меркел сега ќе влезе во нејзиниот четврти мандат, на позиција што ја има од 2005 година.

