Потенцијално за да го олесни дипломатскиот ќор-сокак со Запад, рускиот претседател Владимир Путин и кажал на канцеларката на Германија дека тој во понеделник наредил делумно повлекување на руските војници од пограничната област на неговата земја со Украина, соопшти кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, како што јавува Си-Ен-Ен.
Путин тоа и го кажал на Меркел во телефонски повик кој се однесувал на Украина, соопшти нејзината канцеларија. Кремљ не го спомна повлекувањето во своето соопштување за повикот, туку дека двајцата лидери зборувале за Украина, вклучувајќи ги и “можностите за меѓународна поддршка за да се врати стабилноста”.
Понатамошни детали околу објавата на Путин не беа достапни. Но, повлекувањето може да донесе олеснување на тензиите кои се појавија од од мај, откако Русија го анексираше Крим овој месец – потег што доведе до најлошиот ќор-сокак меѓу Исток-Запад од крајот на Студената војна.