Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија: Сѐ уште без алтернатива за рускиот гас

0
By Нова ТВ on April 18, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 18, 2014 09:56

Поради кризата во Украина, во Германија започна нова дискусија за енергијата, со оглед на тоа што Германија во голема мера зависи од нафтата и од гасот од Русија. Според пресметките на Работната група за енергетски биланс, стапката на увоз на енергенси во минатата година е зголемена и изнесува 71 процент. Најважен снабдувач со енергија е Русија: 38 проценти од увозот на природен гас, 35 проценти од вкупниот увоз на нафта и 25 проценти од увозот на јаглен доаѓа оттаму. Така што Русија задоволува повеќе од една четвртина од вкупните германски енергетски потреби. Соодветни алтернативи не се на повидок.

Само 15 проценти од потрошувачката на гас Германија може да ја покрие со сопствено производство. Голем дел од потребниот гас се увезува од Норвешка и од Холандија. Краткорочно во случај на потреба овие две земји би можеле да го зголемат извозот, но долгорочно, според зборовите на стручњаците, нивните резерви се ближат кон крајот.

Теоретски, како алтернатива доаѓа в предвид увоз на оладен течен гас во танкери, на пример од Алжир, Катар и од САД. Меѓутоа, во пристаништата на САД нема постројки за товарење на течен гас, а во Германија нема соодветни станици за истовар. Според тоа, на светскиот пазар е тешко на брзина да се набават поголеми количества течен гас, бидејќи Јапонија по нуклеарната катастрофа во Фукушима започна да увезува многу гас.

Фрекингот сѐ уште не е на дневен ред

Со оглед на новонастаната ситуација, повторно е актуелно производството на гас со методот наречен фрекинг – со коктел од вода и хемиски материи впумпани под огромен притисок, гасот се извлекува од големи длабочини во земја. Меѓутоа, оваа технологија носи со себе потенцијално голем ризик, предупредуваат еколозите. Само владата од германската покраина Долна Саксонија составена од Социјал-демократите и Зелените (т.н. црвено-зелена влада) ќе овозможи фракинг под одредени услови.

Меѓутоа, исто така црвено-зелената влада на покраината Северна Рајна Вестфалија засега се одлучи против фракинг, иако на длабочина до 4.000 метри се наоѓаат над 220 милијарди кубни метри метан – значително повеќе отколу резервите на конвенционален гас кои се проценуваат на околу 150 милијарди кубни метри. Со производна стапка од 12 милијарди кубни метри годишно, овие резерви ќе траат најмногу 15 години.
Кога би дозволила фрекинг, Северна Рајна Вестфалија би го удвоила овој период. Но, политички благослов за тоа не треба наскоро да се очекува. Покрај тоа, сојузната германска влада во Берлин во својот коалициски договор го отфрла фрекингот сѐ додека се користат токсични супстанци. Ако ништо не се промени, Германија за 15 години потполно ќе биде зависна од увоз на гас.

Влијание преку фирмите

Освен тоа, одамна е одлучено дека од 2018. година Германија нема да произведува камен јаглен. Германија веќе сега го увезува овој јаглен, 25 проценти од увозот е од Русија. Само во случај на лигнит, црн јаглен, Германија има резерви кои со сегашното темпо на производство би можеле да траат уште најмалку 200 години.
Германско-руските врски во областа на енергетиката не се засноваат само на зависноста на Германија од увозот од Русија. Рускиот државен концерн „Газпром“ и германскакомпанија „Винтершал“ пред неколку месеци договорија значајна размена на акции: „Газпром“ добива можност за складирање на гас во Германија, плус трговскиот капацитет на филијалите на „Винтершал“, додека оваа компанија добива дел од сибирските гасни полиња.

Покрај тоа, „Газпром“ и „Винтершал“ ја делат сопственоста во германскиот гасовод „Гаскаде“ долг околу 2.400 километри. Во Сојузното министерство за економија изгледа дека нема приговори на тоа што фактички германските резерви на гас за итни ситуации индиректно се под контрола на руската држава.

ИЗВОР: Дојче Веле на македонски јазик

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.