Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германска донација на брзи антигенски ковид тестови за јавното здравство

0
By НОВА ТВ on May 20, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Донација од 72.000 брзи антигенски ковид тестови во вредност од 298 илјади евра, наменети за јавните здравствени установи и ковид центри во земјава, денеска му предаде германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн на министерот за здравство Венко Филипче.

-Среќна сум што денеска предавам уште една донација за македонското јавно здравство, финансирана од Министерството  за надворешни работи на Германија преку Организацијата за помош и заштита од катастрофи. Германија од почетокот на пандемијата го поддржа здравствениот сектор на Северна Македонија со околу 1,45 милиони евра, изјави Холштајн по предавањето на донацијата.

Нагласи дека Германија е и коосновач на платформата за снабдување со вакцини и нејзин најголем донатор со 2,1 милијарди евра и додаде дека Ковакс снабдува 142 земји со вакцини против Ковид-19 од кои многу ги добиваат бесплатно.

-При тоа  секое петто евро доаѓа од Германија, а секое трето евро од Европската Унија. Нашата цел е сите во светот да може да ја добијат потребната вакцина бидејќи ние сме безбедни  дури тогаш кога сите ќе бидат безбедни, истакна Холштајн.Министерот Филипче рече дека денешната донација е уште еден чекор напред во, како што кажа, континуираната соработка во изминатите повеќе години што е значајно интензивирана од почетокот на ковид кризата.

-Во изминатата година Германија преку Амбасадата донираше значајна количина на лична заштитна опрема, респираторни машини, специјални заштитни маски и сега брзи антигенски тестови, изјави Филипче и на амбасадорката Холштајн и се заблагодари за ангажманот.

Преку меѓусебната комуникација, додаде, многу често укажувавме што ни е потребно и секогаш кога  имаше можности ни излегуваа во пресрет.

-Сега разговараме за следните чекори на соработка, веројатно некоја форма која Германија ја иницира на ниво на Европската Унија, а тоа е соработка во време на пандемија во која  ќе бидат вклучени сите аспекти на оваа криза од делот  на заштита, лекови, стратегија во однос на пристапот и вакцините, потенцира Филипче.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.