Санкциите против Русија беа неопходни, но со нив не се исклучува дијалогот со Москва, вели германската канцеларка Ангела Меркел. Според неа, ситуацијата во Украина е сеуште доста критична.
Меркел потенцира дека кризата со еврото сеуште не е решена, а земјите кои имаат сопствена валута морало да се придржуваат за фискалните закони како би осигурале одржлив раст, пренесува Ројтерс.
После неколку месеци, германската канцеларка на евроазискиот самит во Милано ќе разговара со лидерите од ЕУ како и претседателите на Украина и Русија, Порошенко и Путин.