Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германски медиуми: Владата на Шолц виси на конец – што се случи?

0
By Zoran Ivanov on November 8, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германскиот канцелар Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер бидејќи, како што објасни, повеќе и служел на својата партија отколку на општото добро на државата. На овој начин практично престана да постои коалицијата од три партии која во моментов е на власт во Германија.

Го ослободив Линднер од неговите должности. Овој потег беше неопходен за да се обезбеди безбедноста на нашата земја. Ни треба повеќе финансиски простор за маневрирање низ предизвиците. Министерот Линднер не покажа подготвеност да спроведе ниту еден од нашите предлози. На нашите компании им треба поддршка, веднаш. Секој кој одбива се однесува неодговорно – рече Олаф Шолц канцеларот на Германија.

Доцна вечерта по говорот на канцеларот, шефот на пратеничката група на ФДП, Кристијан Дир, официјално објави дека сите четворица министри од таа партија ќе се повлечат. Покрај министерот за финансии Линднер, таму се и министерот за транспорт Фолкер Висинг, министерот за правда Марко Бушман и министерката за образование Бетина Старк-Ватцингер.

На овој чекор Шолц истакна дека секој кој и се придружил на Владата мора да делува одговорно, а не да бега во засолниште кога работите стануваат тешки.

Германскиот канцелар изјави дека нема основа за доверба за каква било соработка со Линднер, член на партијата Слободни демократи.

Лидерот на опозицијата Фридрих Мерц, од Христијанско-демократската унија – ЦДУ, изјави дека канцеларот Шолц мора веднаш да побара гласање за доверба на неговата влада во парламентот и да не се чека до 15 јануари, кога се очекува мнозинството пратеници да бидат против продолжување на мандатот.

Коалицијата повеќе нема мнозинство во германскиот Бундестаг и затоа апелираме до канцеларот веднаш да побара гласање доверба, најдоцна до почетокот на следната недела, рече Фридрих Мерц лидер на ЦДУ.

Германската Слободна демократска партија објави дека ги повлекува сите свои министри од германската федерална влада, откако канцеларот Шолц го разреши министерот за финансии и лидер на партијата, Кристијан Линднер, оставајќи ја владата со 324 пратеници, 44 помалку од потребното мнозинство со што се распадна тројната коалиција. Шолц го назначи Јерг Кукиес, неговиот поранешен економски советник, за наследник на разрешениот министер за финансии, Кристијан Линднер.

Првата трипартитна коалиција во историјата на Германија западна во турбуленции уште лани и тоа веќе не можеше да се стабилизира. Уставниот суд делови од буџетот на владата во Берлин ги оцени како неуставни.

Тоа е денот кога на коалицијата од СПД, Зелените и Либералите ѝ беше одземена финансиската основа за работа. Конкретно станува збор за околу 60 милијарди евра, чија употреба беше забранета од страна на највисокиот германски суд.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.