Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германски печат: Денвер е на врвот, а Никола Јокиќ во легендите

0
By Соња Крамарска on June 13, 2023 ВЕСТИ, СПОРТ
фото: Фејсбук
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По освоената титула во НБА лигата, германскиот печат не штеди суперлативи за најдобриот кошаркар на Денвер, Никола Јокиќ. Тој е на пат да им се придружи на Мајкл Џордан и Мухамед Али, пишуваат весниците, пренесува Дојче Веле.

„Никола Јокиќ ги круниса одличните изданија во плејофот со првата НБА титула за Денвер Нагетс. За тоа на тимот му требаа само пет меча, затоа што Јокиќ испорача во својот познат стил“, пишува германската новинска агенција ДПА. Денвер, рано утро во вторник, го победи Мајами со 94:89 и со вкупен резултат 4:1 дојде до првата шампионска титула во 47-годишната историја. Српскиот суперстар беше прогласен за највреден играч (МВП) на финалната серија.
„Додека навивачите на Денвер ја славеа првата титула, а кошаркарките ја пееја We are the champions на бината, Никола Јокиќ стоеше на работ на групата. Со ќеркичката Огњена на рамениците, и единствен во бел дрес, наместо во темната шампионска маичка, 28-годишниот Србин делуваше речиси како да му е непријатно. Малку како да му е нелагодно на најдобриот играч на екипата кога е во центарот на вниманието“, пишува ДПА.
Агенцијата наведува дека навивачите во Србија минале трескавична ноќ пред телевизорите и, ден по рекордната титула за Новак Ѓоковиќ, добија уште една причина за славје.

„Јокиќ стана икона во својата татковина. Притоа, тој делува како најбавниот играч на светот. Можеби токму затоа во моментов е подобар од сите останати, затоа што малку кој успева да го наметне своето темпо во овој спорт со вратоломна брзина“, пишува ДПА.

Описот на достигнувањето на Денвер и на Јокиќ, и весникот Зидојче цајтунг го започнува од моментот по завршувањето на мечот.

Интересно е да се погледне што прават спортистите во момент на голем успех, пишува весникот: некои се фрлаат на под, други трчаат, се удираат по гради, скокаат меѓу навивачите. А Јокиќ беше „утешител“ на поразениот.
„Јокиќ не отиде кај своите соиграчи. Ни до сопругата Наталија која ја држеше в раце ќерката Огњена. Ни до неговите браќа, ниту до егзалтираните навивачи на Денвер…Јокиќ отиде до секој играч на Мајами поединечно, им ја стисна раката и ги прегрна, и им кажа по некој утешен збор“, пишува Зидојче цајтунг.
Наведувајќи ги сите рекорди кои Јокиќ ги урна во плејофот: најмногу трипл-дабл, единствена партија со 30 поени, 20 скокови и 10 асистенции; весникот пишува за стереотипите за Јокиќ:
„Тој често делува како баскетџија кој себеси може да си дозволи да влезе во салата од плажа, бидејќи природата му дала висина од 2,11, талент за движење и чувство за топка. Но, тоа не е точно.
Како Мајкл Џордан, Мухамед Али или Роџер Федерер, и Јокиќ е пример за тоа колку напорна работа треба за тешкото да делува лесно. Да, споредбите со најголемите од светот на спортот тука е свесно избрано. Затоа што, Јокиќ е дефинитивно на пат да им се придружи“, пишува Зидојче Цајтунг.

извор: Дојче Веле

Денвер Дојче Веле Никола Јокиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.