Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германскиот печат за Црна Гора: Цар Мило се ближи до пензија

0
By Соња Крамарска on March 21, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: Фејсбук профил на Ѓукановиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Црна Гора е на прагот на историска пресвртница, а Ѓукановиќ го чекаат тешки времиња: ако деловниот цар го загуби имунитетот, веројатно ќе се најде под нови истраги за злоупотреба на власта и корупција“, пишува берлинскиот печат, пренесува Дојче Веле.

„Опуштените победници изгледаат поинаку“, го опишува берлинскиот Тагешпигел обраќањето на црногорскиот претседател по првиот круг од изборите во неделата (19 март). Се известува дека „вечниот регент“ Мило Ѓукановиќ со „слатко-кисела насмевка“ објаснил дека сепак е можна победа, пренесува ДВ.

Сепак, весникот оценува дека во второто коло фаворит ќе биде конкурентот Јаков Милатовиќ (37).

„Поранешниот министер за економија и кандидат на движењето Европа сега може да смета на лавовскиот дел од гласовите на кандидатите кои не успеаја во првиот круг“, пишува Тагешпигел.

Се додава дека Ѓукановиќ се надевал на дуел со „српскиот националист“ Андрија Мандиќ, против кого сепак би имал реални шанси во второто полувреме на 2 април.

Тагешпигел заклучува: „Црна Гора е на прагот на историска пресвртница, а на Ѓукановиќ му претстојат тешки времиња: ако бизнис-настроениот цар го загуби имунитетот, веројатно ќе му се закануваат нови истраги за злоупотреба на власта и корупција.

Берлинер цајтунг го објави текстот на црногорскиот писател Илија Ѓуровиќ, кој живее и работи во Берлин. Очигледно е, пишува Ѓуровиќ, дека „на српските и црногорските националисти им останало без гориво за политички игри“. Наместо тоа, граѓаните сега и веруваат на Европа, а со тоа и на еден вид „економски популизам“ кој ветува подобар живот веднаш.

„Политичарот со најдолг стаж во Европа, Мило Ѓукановиќ, би можел за две недели да се повлече од политиката. На тоа секако треба да се радуваме“, се додава во текстот.

„На овој начин, Црна Гора може да биде позитивен пример за другите земји од Западен Балкан, каде што политичарите го продолжуваат својот политички живот со поттикнување и одржување на националистички конфликти и поделби, додека тие самите профитираат од корумпираниот систем“, заклучува Ѓуровиќ во тој текст.

За изборите пишува и социјалистичкиот дневен весник Нојес Дојчланд: „Ѓукановиќ долго време се сметаше за гарант на патот кон Запад, поради што се толерираше неговиот брцање во државната каса“.

Весникот наведува дека сега со Милатовиќ на сцена стапува нова генерација политичари.

„Тој ни најмалку не заостанува зад Ѓукановиќ во европските амбиции, напротив. Милатовиќ ја критикува распространетата корупција на Демократската партија на социјалистите и ја претставува како пречка на европскиот пат. Милатовиќ би бил подеднакво добредојден во Брисел, Берлин и Вашингтон“.

Во коментарот на берлинскиот весник Тагесцајтунг се наведува дека и двајцата кандидати во вториот круг се „прозападни“, и „политички фосил“ Ѓукановиќ и, како што пишува авторот Ерих Рутфелдер, и „поранешниот министер за финансии“ Милатовиќ.

„Веќе е јасно дека Црна Гора ќе остане во НАТО и по сите овие години кандидатски статус, повторно ќе работи сериозно за конечно да биде примена во ЕУ. Изгледите за тоа се поповолни од претходно. „И покрај сите критики за политиката на ЕУ, Брисел, во светло на руската војна во Украина, на иницијатива на Германија и Франција, сега работи посериозно на приближување на земјите од Западен Балкан и на тој начин да го отвори патот за Црна Гора да се интегрира“, се вели во коментарот.

Во текстот се додава дека Ѓукановиќ, „и покрај сите негови заслуги за независноста на Црна Гора, му се лепи етикета за корупција, и затоа Милатовиќ е „миленик на граѓанското општество, левите и зелените сили, малцинствата и прозападните Срби“.

„Тоа што пропадна просрпскиот и прорускиот кандидат Андрија Мандиќ со 19 проценти е пред се шлаканица за српскиот претседател Александар Вучиќ, а со тоа и за Владимир Путин. Затоа што Црна Гора требаше да биде првата коцка во формирањето на српскиот свет, при што, аналогно на рускиот свет, населението во другите земји треба да се сврти кон својата татковина“, додава Тагесцајтунг.

Извор: Н1

германски медиуми Мило Ѓукановиќ претседателски избори во Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.