Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германските инвеститори до Владата: Надворешната политика го одвлече вниманието од економијата

0
By Нова ТВ on March 27, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сконцентрираноста кон надворешната политика, го одвлече вниманието од економијата. Поради ова, ниту еден од германските инвеститори во земјава не рекол добро за работата на Владата, а дури 46 отсто истакнале дека е лоша, покажува последната анкета за деловната клима спроведена меѓу членовите на Македонско-германското стопанство.

Компаниите бараат правна сигурност, безбедност и предвидливост за да ги планираат и реализираат инвестициите, очекуваат поголема вклученост во донесувањето на законските измени, како и натамошна, уште поинтензивна борба со корупцијата и криминалот. Сметаат и дека се избрзало со даночните реформи.

Сепак, најавуваат нови инвестиции и проширување на постојните.

Според анкетата што ја презентираше денеска директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс, 76 отсто повторно би инвестирале тука, а 61 процент од компаниите сакаат во земјава да се воведе евро.

Во однос на економската ситуација, 56 проценти од инвеститорите за 2018-та дале лоша оценка, а за годинава се оптимисти, иако 54 проценти не се надеваат на поголеми промени.

-Владата моментно е сконцентрирана на надворешната политика, а фокусот од економијата малку се губи. Добра волја за борба против корупцијата постои, но во секојдневието има потешкотии за независно судство кое ќе ги спроведува законите. Довербата во судството е нестабилна и со „рекла – казала“ од типот: дали овој адвокат е на моја или на нечија друга страна, може да се наруши, предочи Мартенс.

Клучните проблеми, напомена, и натаму се недостигот на стручен кадар, недовербата во судството, неефикасната администрација, даночните оптоварувања и непредвидливата политика кон стопанството.

Во анкетата, позитивно се оценети трошоците на труд, продуктивноста и подготвеноста на персоналот за работа.

Според Мартенс, странските инвестиции во државата се уште не го достигнале својот максимум.

– Вкупно 43 отсто од компаниите планираат да ги зголемат инвестициите, 48 проценти не планираат нови инвестиции, а 10 отсто планираат да ги намалат своите инвестиции. Во однос на бројот вработени, 39 отсто најавуваат нови вработувања, 51 процент ќе останат на истиот број вработени, додека 10 отсто планираат да ги намалат вработувањата, рече Мартенс, додавајќи дека при планирањето на инвестицијата, компаниите обично се одлучуваат за оние региони каде неврабтеноста е поголема, само за да имаат кадар.

Одговорајќи на новинарско прашање дали „Дрексел маер“ планира да си замине од земјава, Мартенс беше категоричен и повторно рече дека тоа се муабети „рекла – казала“: – Земјава има проблем со „рекла – казала“. Такво нешто не сум слушнал, ниту можам да замислам особено зашто оваа компанија е дел и од проектот за дуално образование, подвлече Мартенс.

Во однос на новите инвестиции, откри дека се работи за компании од машинската и автомобилската индустрија, но не само од Германија, туку и од САД и Австрија.

Во земјава засега работат преку 200 компании со германски капитал кои вработуваат 20.000 лица. Трговската размена, пак, со Германија минатата година достигна 3,6 милијарди евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.