На една од најфреквентните железнички станици во Токио, се појави поприлично ,,разигран“ билборд на кој има несекојдневна анимација на 3Д мачка која мјаука и потскокнува. Опкружена со реклами, хиперреалистичната мачка како буквално да оживува на закривениот ЛЕД-екран со површина од 1.664 квадратни метри, во областа Шинјуку. Екранот со резолуција од 4К ја прикажува мачката како шета високо над главниот град на Јапонија гласно мјаукајќи.
Видеото се емитува меѓу 7 и 1 часот и се менува во текот на целиот ден. Па така, неа може да ја видите час во мамурно издание, час заспана, час разиграна, час со силно мјаукање и скокачки акробации. Дисплејот официјално почнува да се врти на 12 јули, но тест-емитувањата почнаа од пред еден месец и привлекоа голем интерес на Интернет,освојувајќи ги симпатиите на посетителите на анимацијата кои дури и ја ,,крстија“ давајќи и го името,,Шингоку“
今日の15時半ごろに現地で撮られた映像です。雑踏が思いのほかうるさいので、声の大きさは調整しなきゃ。再生時、音量注意です!⚠️ pic.twitter.com/8OsmcyyVOo
— 新宿東口の猫 (@cross_s_vision) July 5, 2021