Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гинекологот кој лажеше пациентка дека е бремена доби 1,5 година затвор

1
By Менче Атанасова Точи on May 14, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Николче Дамчевски, гинекологот кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена денеска е осуден на година и пол ефективна казна затвор, а изречена му е и забрана за вршење дејност во траење од осум години. Дамчевски пред судот ја призна вината и за двете дела, Несовесно лекување и Фалсификување на медицински документи.

Адвокатката на оштететената пациентка, Ирена Фрчкоска, за НОВА изјави дека не се задоволни од изречената казна и дека ќе се жалаат за висината.

„Не сме задоволни од изречената казна бидејќи со оваа висина на казната не е исполнета целта, а тоа е заштита на пациентките.  Случајот освен од етички апсект, особено е карактеристичен поради нехуманиот начин на кој е извршено кривичното дело, тоа е еден монструозен начин на кој е извршено што му дава поголема тежина на делото“, изјави за НОВА, адвокатката Фрчковска.

И од Основниот суд 1 ја потврдија пресудата.

„Во однос на предметот со К.бр 1918/17  на денешната јавна расправа врз основа на признане на вина на обвинетиот Н.Д. за кривичните дела Тешки дела против здравјето на луѓето и Фалсификување исправа Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе првостепена пресуда со која обвинетиот се огласува за виновен и се осудува на казна затвор од 1 година и 6 месеци затвор“, се вели во одговорот од Основен суд 1.

Сторијата за гинекологот Дамчевски кој девет месеци лажел пациентка дека е бремена ја објави НОВА. Тој  на пацинтката која долго време се обидувала да остане бремена и  презентирал состојба на лажна симулирана бременост и покажувал слики од ЕХО од друго бебе и пуштал да го слуша отчукувањето на срцето на бебето, а всушност и пуштал да го слуша нејзиното срце. Иако знаел дека не е бремена, вршел редовни контролни гинеколошки прегледи со ехо апарат, ја мерел должина и тежина на плодот, го утврдил полот на бебето, на секој преглед детално ја објаснувал секоја снимка и правел скрининзи со писмени извештаи во кои е наведено дека на ехото се гледа плод во различна гестациска недела, а потоа договорил и термин за пораѓање.

Непосредно пред денот за кога било договорено наводното пораѓање на пациентката, кога таа се појавила со торба подготвена за чинот на раѓање,  најпрвин на сопругот , а потоа и на оштетената ја открил вистината за лажната бременост.

По објавување на серијалот стории на НОВА за случајот со лажната бременост,  се јавија многу пациентки кои биле измамени, на кои не им биле издавани ниту фискални сметки за сите процедури кои им биле правени во текот на вештачкото оплодување. По ова ОЈО отвори истрага, а Лекарската комора му ја одзеде лиценцата за работа на седум години. По ова доби отказ од Клиниката за гинекологија, каде што беше дојден да работи од приватниот сектор.

Серијалот стории за гинекологот објавени на НОВА, годинава ја доби првата награда за најдобра истражувачка сторија на ЗНМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.