Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гир: ЕУ не ја напушта агендата, Западен Балкан и понатаму врвен приоритет

0
By Нова ТВ on April 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија да продолжи со реформите, а паралелно двојно да се зголемат напорите за изнаоѓање взаемно прифатлио решение со Бугарија со цел да се одблокира евроинтеграцискиот процес, порачува евроамбасадорот Деввид Гир.

Тој во неделното интервју за РСЕ на прашањето како да се дојде до решение доколку бугарските власти инсистираат на идентитетски пршања како корените и јазикот, Гир одговара дека во ЕУ, Европскиот совет работи врз основа на едногласност во одлуки како оваа. Додава дека за да се постигне согласност за преговарачката рамка, всушност треба сите 27 земји членки да се согласат. Минатата година, потсетува, тој договор не беше постигнат.

– Јас можам да разберам дека одлагањето кое го гледаат луѓето е фрустрирачко. Луѓето сакаат да се оди напред во пристапниот пат. Но, да се оди напред во ситуации како оваа, да ви одговорам на прашањето, е двојно да се зголемат напорите за да се постигне договор. Така што ние многу се надеваме дека Северна Македонија и Бугарија ќе продолжат конструктивно да се ангажираат со цел да постигнат решение врз основа на заеднички договор и на тој начин пристапните преговори ќе може да одат напред, вели евроамбасадорот во интервјуто.

За аферата со издавањето пасоши со туѓи идентитети вели не сака да коментира, бидејќи се работи за случај во истрага, но е дециден дека е прерано за коментари дека тоа го загрозува безвизниот режим на земјава.

– Јас видов разговори за безвизниот режим. Точно е дека безбедноста на документите е важен репер во набљудувањето на спроведувањето на безвизниот режим. Но, мислам дека е комплетно прерано да почне да се зборува дали ќе има или не влијание врз безвизниот режим. Ако имате наводи за безбедноста на документи важно е како државата се справува со тоа, како судскиот систем ќе управува и доколку има погрешното постапување да се справи со тоа. Ако има дупки тие да се затворени. Мислам дека тоа е случајот, а не безвизниот режим“, вели Гир.

Тој е дециден дека ЕУ никогаш не ја напуштила агендата за Западен Балкан и дека тој останува врвен приоритет, за што ја посочува посебната дискусија за европската перспектива на регионот што треба да се одржи во Луксембург.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.