Критиките на Новак Ѓоковиќ во текот на Мастерс во Рим упатени до светските медиуми Си-Ен-Ен и Би-Би-Си, дека не отстапуваат доволно простор за катастрофалните поплави, беа повод британскиот јавен сервис да го покани српскиот тенисер да говори за случувањата во регионот.
-Во текот на целиот турнир сакав да ја подигнам свеста за тоа што се случува во мојата држава. Мислам дека не беше доволно застапено во меѓународните медиуми. Има многу жртви, владата се уште не може да потврди колку се , бидејќи се е поплавено.
Луѓето патат, губат куќи. Ова беше многу емотивна недела за мене, се радував поради успехот на турнирот, но од друга страна и покрај тоа што бев дел од натпреварувањето, сакав колку што можам да ја подигнам свеста во светските медиуми дека се работи за поплави какви што не се забележани во последните 130 години.
Само тоа сакав да го постигнам. Најважно е да се каже, дека кога поплавите ќе се повлечат, ќе следат неколку месеци, а можеби и години за опоравување. Должината на процесот ќе влијае од странската помош, изјави Ѓоковиќ за Би-Би-Си.