По победата над Надал на Мастерс во Рим, Ѓоковиќ во камерата со потпис потсети на поплавите во регионот: “Ова е за Србија и Босна”.
Ѓоковиќ во финалниот натпревар го победи Рафаел Надал со 4:6, 6:3, 6:3.
Ѓоковиќ играше лошо во првиот сет, каде што Надал брзо избега со 04:01, а потоа тој победи со 06:04. Сепак, од почетокот на вториот сет Ѓоковиќ беше господар на мечот. Тој го водеше со 3:0, Надал го врати брејкот, но српскиот тенисер со нов брејк изедначи во сетовите.
Истата приказна се повтори во одлучувачкиот сет. Ѓоковиќ направи на почетокот брејк, Шпанецот се врати, но Новак со нови два брејка победи.
Ѓоковиќ ја освои третата титула во Рим, додека бранителот на титулата Надал остана на седум трофеи.