Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Главен виновник за ветото од Бугарија бил Никола Димитров, тврдат од ВМРО НП

0
By Mirjana on January 19, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај тоа што новиот бугарски премиер Кирил Петков дојде во Македонија со многу позитивна енергија и со видно изменета реторика и барања, со волја да го затвори ветото и се продолжи напред, македонската длабока држава очигледно нема намера да се има позитивно решение со Бугарија и почнаа со натпревар во измислување на нови проблеми. За жал перјаница на сите нив е г-динот Никола Димитров, се вели во соопштението од ВМРО-Народна партија.

По посетата на добра волја на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-Народна партија г-динот Љубчо Георгиевски во Софија, пред да го стават ветото, од неколку бугарски функционоиери му било споментато дека главен виновник за ветото е токму г-динот Никола Димитров и прашањето за појаснувањето на краткото име во Обединетите нации.

Впрочем бугарската страна една година го чекала Димитров да испрати нота во ОН за која дури не инсистирале јавно да биде објавена, а во која ќе се каже дека зборот Северна Македонија не се однесува на спорниот бугарски дел односно Пиринска Македонија.

Арогантното однесување на Димитров ги убедило дека токму тоа е намерата со именувањето на Северна Македонија да се направи.

Во тоа време сето ова не беше споделено со македонската јавност исклучиво поради почит кон семејството Димитрови меѓутоа вчера видовме и слушнавме како г-динот Никола Димитров тоа го претставува како свој најголем успех.

Дали човекот има разбрано дека ако ја испратеше таа нота во ОН на време дека немаше воопшто да има вето кон Македонија?!

За жал веќе станува јасно зошто Македонија загуби две години поради кратковидоста на политичар полн со фрустрации од фамилијарниот бугарски комплекс.

После последните интервјуа на г-динот Димитров навистина му препорачуваме да ги прочита колумните и книгите на македонскиот висок интелектуалец Димитар Димитров, се вели во соопштението на ВМРО-Народна партија.

ВМРО-НП ЗА НАСТАПИТЕ НА ДИМИТРОВ реакција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.