Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Глобалниот индекс за мир – некои лекции за западниот Балкан

0
By Sashko on September 22, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Симонида Кацарска

Привлечноста на ЕУ за западниот Балкан конвенционално се објаснува преку очекувањата за забрзан демократски и економски развој. Имајќи ги предвид неодамнешните војни и конфликти во регионот, исклучително е значајно приближувањето кон ЕУ да се гледа и од перспектива на безбедноста и помирувањето. Корисна алатка за таа анализа е Глобалниот индекс за мир, кој проценува неколку аспекти на мирот, вклучително општествена безбедност, тековни домашни и меѓународни конфликти и ниво на милитаризација на ниво на држава и регион. Според индексот, Европа вообичаено е најдобро рангиран регион во целиот свет од воведувањето на индексот во 2008 година. Во извештајот од 2021 година, осум од десетте најдобро проценети држави се во Европа.

Државите од западниот Балкан се традиционално на дното на индексот во европскиот контекст, укажувајќи на потребата да се работи на подобрување на сите димензии. Во изминатите две години, најголем скок во регионот несомнено има Северна Македонија поради подобрување кое се должи на напредок во областа на тековни конфликти, преку решавањето на спорот со името со соседна Грција. И покрај мноштвото на предизвици кои постојат, сепак се цени дека ова прашање во земјата веќе нема толкав потенцијал да креира конфликт. Со овој скок, Северна Македонија е на 40-тото место на индексот, а по неа во наредните 10 се и Србија (44), Албанија (48) и Црна Гора (51). Босна и Херцеговина и Косово се на 71 и 80 место, укажувајќи на потребата на нивно приближување до останатиот дел на регионот.

Сепак, ако ги погледнеме земјите членки на ЕУ, јасно е дека членството во ЕУ помага, но не е гаранција за унапредување во контекст на активен мир. На пример Грција и Франција во европски контекст се земји кои и покрај нивниот перформанс од други аспекти, се наоѓаат на дното. Од друга страна, дел од земјите членки кои пристапија во ЕУ во 2004 година, како што е Словенија се проценети дека се наоѓаат помеѓу првите 10 во светот.

На глобално ниво, споредено со 2008 година кога индексот е воведен, ситуацијата е значително влошена со просечен пад на секоја земја од два проценти. Секако, периодот за кој говориме е период на глобална економска криза, бегалска криза, како и револуции и конфликти на Блискиот исток кои значително влијаеа на влошувањето на светско ниво. Европа е исклучок од овој тренд како регион во кој има подобрување во дадениот период. Секако, пандемијата на ковид-19 има значително влијание за влошување на состојбата, особено во контекст на насилството и демонстрациите, но и нејзината економска димензија која ќе биде долготрајна.

Од горенаведеното, регионот на западен Балкан има две клучни лекции кои би требало да ги земе предвид во контекст на градењето на активниот мир во регионален контекст. Прво, членството во ЕУ помага но нема да биде гаранција за напредок во активниот мир и мноштвото на компоненти кои го сочинуваат активниот мир. Второ, ако сакаме значително да ги подобриме националните перформанси, ќе мора сите да работиме за унапредување на општата ситуација во регионот преку инвестирање во нашите држави, но и кај нашите соседи. Решавањето на клучни спорни прашања и отворени конфликти меѓу државите е клучно не само од политички аспект, туку како начин преку кој се влијае на сите поврзани димензии, вклучително економијата и поширокото општествено помирување и развој.

Преземено од okruzenje.net

Западен Балкан колумна Симонида Кацарска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.