Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Го сакам ГТЦ со писмо до Иванов: Згрозени сме што манипулирате со вистината

2
By Нова ТВ on June 19, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Отворено писмо и реакција на изјавата на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов дадена за време на гостувањето во емисијата Топ тема на ТВ Телма упати иницијативата Го сакам ГТЦ, велејќи дека се згрозени од обидот да ја сатанизира оваа иницијатива.

Писмото ви го пренесуваме интегрално:

„Вчудоневидени сме од изјавите на актуелниот претседател на Република Македонија Ѓорѓе Иванов за време на неговото гостување во дебатната емисија Топ тема на ТВ Телма.
На прашањето на новинарот зошто не гласал на референдумот за зачувување на автентичноста на ГТЦ претседателот меѓу другото посочи дека иницијативата Го сакам ГТЦ го сметала за обичен граѓанин а на ист начин и сме се обраќале кон него, иако тој е претседтел на република Македонија.

Почитуван претседателе,

Најнапред најискрено Ве молиме да се обидете во вашите архиви или фиоки да го најдете нашето писмо од 09 април 2015 година, кое е назначено до : Претседателот на Република Македонија Проф. Д-р Ѓорѓе Иванов, со назнака Предмет: Барање за средба, во кое како иницијатива се обративме до вас како претседател на Република Македонија со желба да ве запознаеме со иницијативата Го сакам ГТЦ како и со идејата за оддржување на првиот локален граѓански референдум во Македонија и со вас да ги споделиме нашите ставови, идеи и пристапи кон директното партиципирање на демократијата во Република Македонија.

Почитуван претседателе, на ова писмо никогаш не добивме одговор, а ниту тогаш ниту сега не сакавме да веруваме дека писмата на граѓанските иницијативи до претседателот на државата не заслужуваат одговор. Доколку не се сеќавате на ова писмо побарајте го во архивите бидејќи лично го доставивме во писарницата во Вашата вила на Водно на ден 09.04.2015 година.

Во ова наше писмо до вас и македонската јавност мораме да констатираме дека сме згрозени од леснотијата со која од позиција на највисоката државна функција не сатанизирате како иницијатива и се обидувате да ја манипулирате виситината пред целата македонска јавност, со што не не навредувате само нас како иницијатива туку навредувате и скоро 18.000 граѓани на општина Центар кои јавно излегоа и го дадоа својот глас на референдумот. Истовремено со речник непримерен за претседател на држава споменувате некакви минати референдуми, реваншизми и нерасчистени сметки со имагинарни непријатели од пред 10 и повеќе години, што е период кога најголем дел од членовите на иницијативата ГТЦ воопшто немале право на глас.

Драг претседателе, искрено не сакаме да веруваме дека до вас не стигнало писмото или пак дека сте заборавиле дека воопшто сте го добиле бидејќи тоа би било срамно и поразително дири и за претседател од вашиот калибар. Истовремено сметаме дека со вашата манипулација со вистината и целосно неоснован напад врз иницијативата Го сакам ГТЦ целосно го нарушувате и урнисувате угледот на институцијата Претседател на Република Македонија. Сметаме дека во моментот кога угледот на сите институции во Македонија е сериозно разнишан во очите на домашната и меѓународната јавност, крајно е загрижувачки токму Вие со паушални, произволни и партиски мотивирани изјави да го загрозувате и доведувате под сомнение угледот на институцијата претседател на РМ.

Во прилог повторно ви го испраќаме писмото кое ви го доставивме на 9 ти април 2015т и очекуваме јавно извинување.

Со почит
Иницијaтива Го сакам ГТЦ“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.