ГОБ„8 Септември“ повторно станува Ковид центар и ги става на располагање сите свои капацитети, дознава НОВА. Болницата ги отвора вратите за сите пациенти со Ковид со сите расположливи капацитети, а врз основа на наредба од Министерството за здравство.
Во документот, Наредбата до кој дојде НОВА, стои дека сите здравствени работици без исклучок на специјалност да бидат вклучени во третманот на пациентите болни од Ковид, а тоа значи дијагностицирањње, лекување и следење, како посебни задачи кои во редовни услови не се нивна работна задача.
Се вклучуваат и здравствените соработници, помошниот технички персонал, административниот персонал со извршувње на посебни и редовни работни задачи со цел овозможувања на услуги на пациентите заболени од Ковид. Сите овие вработени во ГОБ„8 Септември“ ќе ги извршуваат наредбите на Министерството за здравство во согласност со член 285 од Законот за здравствена заштита, а во врска со кризната состојба која беше прогласена на 20 ноември.
Откога престана да биде Ковид центар болницата имаше на располагање само еден дел со 100 кревети за болните со Ковид и беше проблем да се дојде место за прием во болница. Ситуацијата беше таква главно поради отпор и премореност на вработениот медицински персонал кој беше на првата линија на фронтот и ја биеше најголемата битка со коронавирусот од почетокот на пандемијата до летните месеци.
Сега во функција се ставаат сите капацитети со близу 400 болнички кревети кои не беа во целост искористени во првиот бран со коронавирусот. Болницата ќе биде на располагање се до крајот на кризата со коронавирусот.