Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Годинава не е увезен ниту еден нов автобус во земјава

0
By Нова ТВ on June 3, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Продажбата на нови автомобили во првите 4 месеци од годинава бележи пад од 17,7 отсто споредено со истиот период лани, а падот само во април изнесува 26,6 отсто, покажуваат податоците на импортерите.

Во април, најмногу продадени автомобили има Фолксваген, а од почетокот на годината Шкода заради продажбата на коли од марката Јети на македонската полиција. Таа во првите 4 месеци има продадено 288 автомобили, Волксваген 232, Форд 97, Опел 68 и Шевролет е на петто место со 60 продадени автомобили.

Продажбата на нови коли падна и во 2012 година и тоа 31 отсто споредено со 2011 до бројката од 4.816.

Кога станува збор за увозот на сите видови возила во првите 4 месеци, тој бележи раст од 6 отсто до бројката од 12.368, покажуваат податоците на Царинската управа.

Главна причина за ова е зголемениот увоз на стари автомобили кој во првите 4 месеци пораснал за 14 отсто до бројката од 10.327, додека увозот на нови автомобили паѓа и тоа од 1.354 лани во првите 4 месеци на 1.083 годинава.

Кај камионите има пад од 1 отсто кај новите увезени, но расте бројот на старите и тоа од 519 лани на 580 годинава.

Кај автобусите, пак, во првите 4 месеци од годинава не е увезен ниту еден нов автобус за разлика од лани кога оваа бројка изнесуваше 140. Причината за големиот број увезени нови автобуси лани се кинеските автобуси, кои Владата му ги подари на ЈСП Скопје. Но, кога државата ќе се тргне од пазарот, како годинава, тогаш бројката паѓа на нула.

Значителен пад има и кај старите увезени автобуси и тоа за над 4 пати – од 258 во првите 4 месеци лани на само 82 годинава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.