Во „Сити Мол“ во Скопје на петтото ниво од катна гаража денеска ии утре ќе се одржи спортскиот спектакл „3х3“ баскет турнир.
Ова ќе биде прв од седумте турнири планирани да се играат во Скопје, Штип, Куманово, Гевгелија и Охрид по што ќе се добие првиот шампион на македонската лига во „3х3“.
Турнирот на кој учествуваат 16 тимови доби поддршка и од Агенцијата за млади и спорт.
За победниците обезбедени се парични награди (1.500 евра за првото и 500 евра за второто место).
Присутните ќе имаат можност да проследат и натпревари во забивање и шутирање тројки.
Натпреварите започнуваат од 17 часот и ќе траат до полноќ. Ќе се игра во систем по групи, а потоа ќе следи вкрстување и нокаут-рунда.
Покрај официјалнот дел со натпреварите 3 на 3, од Скопје Сити Мол подготвуваат и многу други забавни активности, натпревар во забивање, сетови од познати македонски диџеи, натпревар во шутирање на тројки, хип хоп танцување, детски баскетболџии, корнер со стрит фуд храна, итн.
Палнираните активности предвидуваат:
Сабота:
– Старт на 3х3 турнирот
– Шутирање 3-ки
– Натпревар за публиката
– Детско катче
Недела:
– 3×3 натпревари
– Натпревар во забивање
– Натпревар за публиката
– Детско катче
Овој 3х3 баскет турнир е официјално признат од FIBA која што е дел од календарот на светската куќа на кошарката, а оттука стартува и првата 3х3 лига на територијата на Република Македонија.
Oвој спорт доби свое место во олимпискиот календар, како официјална олимписка дисциплина кoja ќе биде промовирана во 2020-та година на Летните Олимписки Игри во Токио.
Овој настан се организира по втор пат на територијата на Република Македонија. На ланскиот турнир учествуваа македонски екипи и екипи од земјите во регионот (Србија, Црна Гора, БиХ и други).