Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Голем интерес за новите мерки на Агенцијата за вработување

0
By Нова ТВ on March 13, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 13, 2019 19:59

Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска вели дека интересот за новиот Оперативен план за вработување е поголем од очекуваното.

– Оперативниот план за вработување се подготвува некаде два месеци пред да се усвои на седница на Влада. Претходно се прават анализи од резултатите на активните мерки реализирани во минатата година. Кои се добрите и лошите страни, кој е интересот,мислењето и ставовите на невработените лица, на работодавачите, невладините организации, односно сите чинители во делот на зголемување на вработливоста и намалување на невработеноста – вели директорката Јовановска.

Министерството за труд и социјална политика е предлагач и носител на Опративниот план за вработување.

– Беа одржани средби и работилници со невладини организации, со здруженија на работодавачи, Стопанска комора, и инфо средби со невработени од ранливи категории за да видиме кои се нивните очекувања и барања за поддршка како би им помогнале да ги вклучиме на пазарот на труд и да бидат вработени – објаснува Јовановска.

Повикот за мерката „Обука за побарувани занимања“ за 2019 година се уште е во тек.

Невработените лица може да дојдат во Центрите за вработување и да се пријават за да бидат обучени за побарувања занимања и занаети.

– Центарот за образование на возрасни го објавува повикот до верификувани спроведувачи на обука кои што имаат верификувани програми и училници каде што практично се спроведуваат обуките на невработените лица кои потоа се стекнуваат со сертификати – вели Јовановска.

После направената анализа на пазарот на труд се лоцираат потребните занимања и занаети и за нив се објавува повик.

Во моментов има повик за обука на негователи на деца, лични асистенти на лица со попреченост, негователи на стари лица, фризери, масери, козметичари, шивачи, собарки, рецепциски службеници, готвачи, оператори за веб дизајн, гипс монтери, фасадери, заварувачи, ракувачи на виљушкари и слично.

Директорката појаснува дека се прави анализа во кој реон каква побарувачка на занимања има, а потоа со сертификатот кој ќе го добијат лицата ќе бидат конкурентни на пазарот и ќе можат да одговорат на потребите на работодавачите.

За оваа мерка невработеното лице во текот на тримесечната обука добива и паричен надомест од 9000 денари за трошоците кои ќе ги направи во текот на обуката.

Мерката „Субвенционирање на плати за поддршка и отворање на нови работни места“ дефинитивно се покажа како најпопуларна. За оваа мерки во рок од речиси три недели веќе аплицирале повеќе работодавачи и невработени од предвидениот број, па затоа таа е ставена во мирување додека не се процесираат доставените апликации.

Мерката била планирана да опфати 1000 невработени лица, а досега за неа аплицирале вкупно 1194 лица.

Лицата кои ќе бидат вработени преку оваа мерка за време од 3 месеци, работодавачот е обврзан да ги задржи уште 6 месеци, лицата кои ќе бидат вработени на 6 месеци, работодавачот ќе ги задржи уште 12, а лицата кои ќе бидат вработени на 12 месеци, ќе треба да бидат задржани од работодавецот уште 18 месеци, односно уште 6 доколку се корисници на гарантирана минимална помош.

Мерката за обука кај познат работодавач постои уште во времето кога не постоеше Оперативниот план. Таа е најмногу користена од фирми кои се занимаваат со текстил, чевларска индутрија, кожарска индустрија и беше доста успешна и побарувана.

Кај мерката самовработување со грант има новитет, а тоа е дека две невработени лица може да се здружат и вкупно да добијат 10 илјади евра.

– За оваа мерка има голема заинтересираност. 1070 е планираниот опфат, а веќе има барања од 1359 лица. Но сега следува процесот на селекција, се пополнуваат прашалници, се изготвува бизнис план, се прави проценка дали тој бизнис би бил успешен или не. Наш партнер за имплементација е УНДП – вели Јовановска.

Лицата нема да добијат парични средства, туку поддршка во вид на опрема и репроматеријали, кои лицето ќе ги набави, а му се потребни за биснисот.

Штотуку излезе Државниот завод за статистика со информација за четвртиот квартал на 2018 што бележи стапка на намалување на невработеноста. Стапката на невработеност е 19,4 проценти, односно бележи намалување за 2,5 процентни поени.

Државниот завод за статистика е оној кој што го дава податокот за стапката на вработеност и невработеност.

Според директорката тоа е резултат на низа активности во 2018 коишто ги имала Владата,  резултат на странски инвестиции, домашни инвестиции, државна помош која преку други инстетиции ги доделувала Владата, како и Оперативниот план за вработување од 2018 преку кој имало голем број на директни и индректни вработувања.

Опративниот план за 2018 година е реализиран во 95 проценти.

Јовановска на функцијата директор на Агенцијата за вработување е од август 2017 година и вели дека покрај намалувањето на стапката на невработеност, еден од успесите на кој е најмногу горда е „Umbrella“  – кафулето во Градскиот трговски центар во Скопје, кое е отворено од ентузијасти со помош на Агенцијата, а во кое се успешно вработени лица со попреченост.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.