Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Голем метеж пред вакциналните пунктови на првиот ден од теренската вакцинација

0
By Biljana on July 12, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот ден од теренската вакцинација, без закажан термин, ги преполни вакциналните пунктови. Уште од рано изутрина се создал метеж пред скопските Поликлиники, за што сведочат и фотографии објавени во медиумите. Граѓани сведочат дека во Поликлииката „Јане Сандански“ во скопската населба Аердором интеревенирале екипи на МВР за да ја смират толпата која нетрпеливо чекала да влезе на вакцина. Потврда за ова добивме и од раководнот тим на Поликлиниката.

„Точно е дека утрово имаше голем метеж пред нашата Поликлиника. Дојдоа граѓани кои имаа закажано ревакцина, згора еден поголем број на луѓе кои без термин дојдоа да се вакцинираат. Се направи турканица, сите сакаа да влезат внатре, што поради топлото време, што поради желбата побрзо да завршат работа. Полицијата беше на лице место и воспостави контрола. Еве и сега имаме метеж пред пунктот, но не како утрото“, рече за Нова ТВ раководителот на „Јане Сандански“, Боре Радевски.

Министерот за здравство, Венко Филипче, кој го посети новоотворениот вакцинален пунк во Шуто Оризари, најави можно вклучување на Армијата за да се направи ред за вакцинација.

„ Ќе разговараме со директорите на сите Здравствени дмови за да видиме како да се организра редот. Се уште имаме можност и се уште ги корстиме ресурсите и на Армијата, така да имаме механизми за да воспоставиме ред. Ќе видиме денешниот ден како ќе помине па каде ќе треба ќе интервенираме“, рече Филипче.

Најмалку 40 жители на населбата Шуто Оризари примиле прва доза од анти ковид вакцината на пунктот кој утрово беше отворен во тамошната Поликлиника.

Од денеска во 29 општини во Северна Македонија стартуваше теренската вакцинација, а во текот на денот медицинските екипи ќе посетат вкупно 107 населени места. Теренската вакцинација се врши со кинеската вакцина „Синовак“ која според здравствените власти е најлесна за транспорт и употреба.

„Согласно веќе направениот распоред, од утрово, тимови на здравствените домови, со малите фрижидерчиња, вакцинираат по оддалечените рурални места и селата. Сето та паралелно на процесот на вакцинација кој редовно се спроведува во рамки на здравствените домови. Имунизацијата ќе се одвива без прекин, а распоредот кои населени места ќе бидат посетени од страна на медицинските тимови го прават директорите на здравствените домови“, рече министерот Филипче и најави дека процесот ќе биде повторувачки.

„Значи нема да се оди само еднаш во едно село или населено место, туку тимот ќе ротира откако сите мали места по еднаш ќе бидат покриени. Сметам дека на овој начин значително се олеснува пристапот на граѓаните  до вакцина на целата територија на нашата држава“, рече Филипче.

За вакцинација без термин доволен е само документ за лична идентификација, за да можат здравствените работници да ги запишат податоците на граѓаните во системот „Мој термин“. Вакцинирањето без термин ќе се одвива само по Поликлиниките, додека во салата „Борис Трајковски“ во Скопје и останатите сали низ земјата, каде што досега се спроведуваше масовна вакцинација, ќе има само ревакцинација на граѓаните со термини. Сите Поликлиники ќе работат во две смени, само новиот пункт во Шуто Оризари ќе работи во една смена од 7.30 до 14.30 часот.

Во однос на вацинацијата на деца на возраст од 12 до 16 години задолжителна е регистрација на сајтот вакцинација.мк. Пријавувањето ќе трае од денеска до четврток, а имунизацијата кај децата со вакцината на „Фајзер“ ќе стартува во петок.

Биљана Божиновска

вакцинација јане сандански
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.