Само еден час по полноќ голем пожар избувнал на најголемиот скопски пазар, Бит Пазар.
Шест дуќани изгореа во пожарот што избувна на сопски Бит пазар ноќеска пет минути по полноќ. Во пожарот нема повредени.
Командантот на Бригадата за Противпожарна заштита на Град Скопје, Благоја Менковски за МИА потврди дека пожарот е комплетно изгаснат и оти не е дозволено негово проширување.
Со пламените јазици кои се издигале над пазарот се бореле десетици пожарникари и околу десет противпожарни возила.
Се претпоставува дека огнената стихија предизивикала голема материјална штета.