Голем пожар избувнал доцна попладнево во близина на Т.Ц. Чаирчанка. Според информациите од МВР во пожарот зафатени се четири објекти, но нема повредени лица.
Пожарот избувнал во 17 часот и зафатил два дуќани, сервис за велосипеди и мотори, една станбена зграда и чајџилница.
На лице место интервенирале 8 возила на Противпожарната служба. Оттаму велат дека пожарот бил локализиран, а причинета била само материјална штета. Од скопската противпожарна служба информираат дека пожарот веројатно избувнал во една од работилниците.
Од МВР информираат дека истрагата ќе треба да утврди која била причината за пожарот.
Фото: Независен