Интервениравме со четири возила и девет пожарникари, штом во 10.30 часот го примивме повикот и се уште се работи. Станува збор за производствен погон со магацин од дрвна индустрија, делот каде се складира суровината. За среќа, нема повредени вработени во пожарот, додаде Томески
Голем пожар изби денеска во Волково, во фабрика за производство на училиштен и канцелариски мебел.
Звонко Томески, командант на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, ни изјави дека гаснењето на пожарот во Волково е при крај.
– Интервениравме со четири возила и девет пожарникари, штом во 10.30 часот го примивме повикот и се уште се работи. Станува збор за производствен погон со магацин од дрвна индустрија, делот каде се складира суровината. За среќа, нема повредени вработени во пожарот, којшто не се прошири на околните куќи, додаде Томески.
(Љ.Б.)