Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Голем скандал ја тресе ЕУ: Фон дер Лајен се допишувала со шефот на „Фајзер“

0
By Sashko on February 1, 2022 СВЕТ
Фото: thenewfederalist.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Kомисија (EK) и нејзинaта шефица, Урсула фон дер Лајен се најдоа под силен притисок за случај е отворен пред, речиси, една година. Правобранителката на Европската Унија (ЕУ), Емили О’Рајли во петокот објави извештај за наводно недостапни телефонски СМС пораки меѓу Фон дер Лајен и Алберт Бурл, шеф на американската фармацевтска компанија „Фајзер“.

Ирската омбудсманка остро го критикуваше однесувањето на Комисијата и ја повикува „сериозно да ги бара овие пораки“ и да ги достави до медиумите, односно до европските парламентарци кои побарале увид во нивната содржина, пишува „Дојче веле“.

„Њујорк тајмс“ го објави текстот уште во април минатата година

Сè започна со написот на „Њујорк Тајмс“ од април минатата година, во кој се наведува дека Фон дер Лајен и Бурла цел месец разменувале СМС пораки. Ова го потврди и самиот шеф на „Фајзер“. Унијата потоа склучи „договор“ за набавка на неколку милијарди дози од вакцината на „Фајзер“, а јавноста остана покуса за точната договорена цена, иако медиумите шпекулираат со сума од околу 35 милијарди евра.

Набргу по објавување на написот во „Њујорк тајмс“, новинари се обратија до ЕК со барање за разгледување на пораките, пришто се повикуваа на Законот за слобода на информации во ЕУ. Сепак, Комисијата го одби нивното барање, повикувајќи се, пак, на нејзините интерни правила.

Слично официјално барање од Европскиот парламент мина и во ноември. Имено, пратеничката од Холандија Софи ин ‘т Велд сакала да дознае дали споменатите пораки се избришани и ако е така, врз основа на кои критериуми е тоа направено.

Сепак, потпретседателката на Европската комисија, Вера Јоурова во својот одговор не се ни осврна на нејзиното прашање. Во писмениот одговор се наведува дека СМС и другите кратки пораки имаат „краткотрајна природа и во принцип не содржат важни информации за политиките, активностите или одлуките на Комисијата“ и затоа во принцип не се архивирани.

Портпаролката на Комисијата, исто така, одби да одговори на прашање од „Шпигел“ во ноември за тоа каде се тие телефонски пораки.

Јавна критика

Според извештајот на омбудсманката на ЕУ, О’Рајли, Комисијата не побарала експлицитно од кабинетот на Фон дер Лајен да бара и СМС пораки, туку само документи кои ги исполнуваат критериумите за архивирање. Така, немаше обид да се открие дали воопшто има такви СМС пораки, критикува О’Рајли.

Не треба да се зачуваат сите СМС пораки. Но, СМС пораките очигледно потпаѓаат под законот за транспарентност на ЕУ и затоа оние што се релевантни треба да се зачуваат. Не е веродостојно да се тврди поинаку, се вели на веб-страницата на омбудсманката на ЕУ.

О’Рајли сега бара од ЕК повторно да побара од кабинетот на нејзината претседателка, овојпат сериозно, за кореспонденцијата со шефот на „Фајзер“. Портпаролот на ЕК нагласи дека до крајот на април ќе се реагира на Канцеларијата на Омбудсманот на ЕУ, без да сака дополнително да коментира за случајот, пренесува агенцијата ДПА.

„Зелените“ во Европскиот парламент зборуваат за невидена процедура, наведувајќи дека пораките никогаш не треба систематски да се бришат. Освен „Шпигел“, медиумите се многу кратки за овој извештај.

Оваа Комисија има проблем со демократијата. Очигледно не одговара пред никого. Не го почитува парламентот на ЕУ или електоратот, изјави европратеничката Софи ин’т Велд за германски магазин.

Не е прв пат

Ова не е првпат Европската комисија да одбие пристап до документи.

Кога холандскиот даночен експерт, Мартијн Нувен побара од Комисијата да објави документи за даночните договори со ЕУ, Комисијата, исто така, одговори дека може да го објави само она што е архивирано според нејзините внатрешни правила. Се испостави дека Комисијата не само што не архивира СМС и чет пораки, туку и рутински брише електронска пошта, пишува „Шпигел“.

Урсула фон дер Лајен, политичарка на германските демохристијани, претходно беше критикувана за бришење податоци од официјални телефони. Тоа беше во период кога таа сè уште беше германска министерка за одбрана, од 2013 година до јули 2019 година, кога беше избрана за претседател на Европската комисија.

Тогашната опозиција ја обвини Фон дер Лајен дека ги уништила доказите во таканаречената „консултантска афера“ со бришење пораки од телефонот. Министерството за одбрана со години склучува финансиски профитабилни договори со консултантски куќи, што наиде на критики и од државниот ревизор. Се појавија блиски врски меѓу Министерството и консултантската куќа „Мекинзи“, каде што работеа и децата на Урсула фон дер Лајен.

Со случајот се занимаваше и истражната комисија на Бундестагот. Германското Министерство за одбрана го оправда бришењето на пораките од мобилниот телефон со тврдење дека се работи за „безбедносен инцидент“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.