Александар Трајковски и ја донесе победата на Македонија во бараж натпреварот со Италија за светското фудбалско првенство во Катар. Тој ја затресе мрежата на италијанската репрезентација на фудбалскиот меч во Палермо на две минути пред крајот на натпреварот, триумфирајќи над Италија со 1 спрема 0.
Полувремето и двете репрезентации го завршија со 0:0 резултат.
Со ваков исход од мечот, Италија остана без можност да учествува на мундијалот.
Со оваа победа македонската фудбалска репрезентација се пласира во финале каде ќе игра со Португалија во Порто, откако португалците исто така вечерва ја победија Турција.